Вести

Го одбележуваме 91. роденден на академик Влада Урошевиќ

17.10.2025.
Го одбележуваме 91. роденден на академик Влада Урошевиќ
Го одбележуваме 91. роденден на академик Влада Урошевиќ

На денешен ден, 17 октомври 1934 година, во Скопје е роден големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ.

Завршил Филозофски факултет во Скопје, а во 1987 година докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет, а во 1988 станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“.

Урошевиќ е член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1961 година, член на Македонскиот ПЕН-центар, член на МАНУ (од 1997 година), дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург.

Академик Урошевиќ има објавено над 50 книги: поезија, раскази, студии, критики, есеи, антологии и романи. Добитник е на најпрестижните книжевни награди, меѓу кои: „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Рациново признание“, „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“, „Младост“, „Нолит“, наградата на Турскиот ПЕН „Халид Един Адивар“ (2007), „Стале Попов“ (2006), орденот на московската организација на Сојузот на руските писатели „Сергеј Есенин“, како и наградата „Роман на годината“, а добитник е и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП).

Издавачката куќа „Арс Ламина“ го објави неговиот роман „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, кој во 2023 г.  ја доби престижната награда „Роман на годината“.  Исто така, во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, реобјави три евергрин-наслови на Урошевиќ: „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“.

Го одбележуваме 91. роденден на Влада Урошевиќ, потсетувајќи се на минатогодишната старовремска книжевна вечер во негова чест, со наслов „Вистинита, но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ, за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“, во организација на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“.

Книгите на Урошевиќ се достапни во книжарниците на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 300 МКД
4,85 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.35 MB