Вести

Промоција на „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски на 18 септември во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

15.09.2025.
Промоција на „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски на 18 септември во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
Промоција на „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски на 18 септември во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Новата книга „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски, ќе биде промовирана на 18 септември (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Модератор на настанот ќе биде Сеад Ризвановиќ. Книгата, која е издание на „Арс Ламина“, е објавена на македонски и на англиски јазик.

Светот стои на раскрсница - и НАТО исто така. Во книгата „Пробив кон глобалната алијанса“, Еленовски праќа силно предупредување: без смела трансформација, најуспешната безбедносна Алијанса во модерната историја ризикува да стане реликвија од минатото.

Црпејќи од своето повеќедецениско искуство во дипломатијата, безбедноста и меѓународните односи, авторот ги истражува успесите на НАТО, внатрешните контрадикции и занемарените предизвици - непознатите познати - кои се закануваат на неговата релевантност. Со новите закани, кои произлегуваат од рапидниот развој на технолошкиот свет и растечките геополитички ривалства, во прашање е доведен опстанокот на демократскиот поредок. Па оттаму, во книгата, со итност и јасност се разработуваат натамошните активности кои НАТО треба да ги преземе како глобална сила за да може да придонесе на човештвото низ бурните непознати на 21 век.

Во годината на два битни лични јубилеи, 75 години од формирањето на НАТО и 30 години од атлантскиот пат на Еленовски, оваа книга претставува негов придонес кон непознатата иднина на атлантската идеја и организација.

Лазар Еленовски има посветено многу години на одбраната, дипломатијата, политиката и граѓанскиот ангажман, играјќи значајна улога во унапредувањето на реформите во безбедносниот и одбранбениот сектор на Македонија, како и во поттикнувањето на регионалната соработка и интеграција. Тој поседува значително искуство во меѓународни односи и безбедност, особено во контекст на евроатлантската интеграција и други стратешки прашања поврзани со НАТО, европската безбедност, новите безбедносни предизвици и пошироките геополитички динамики.

Тој е еден од пионерите на атлантизмот во Македонија од средината на 1990-тите години и беше лидер на националното атлантско движење во текот на 2000-тите. Исто така, тој беше потпретседател на меѓународната атлантска асоцијација од 2011 до 2014 година. Еленовски беше министер за одбрана од 2006 до 2008 година, а амбасадор на Македонија во Белгија и Луксембург од 2012 до 2016 година. Во периодот, од 2018 до 2020 година, тој беше специјален претставник на Владата на Северна Македонија при НАТО.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Mar.
Вести
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на н...
24.
Feb.
Вести
Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, в...
22.
Feb.
Вести
Инспирирана од музиката на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, авторката и музиколог Тина Иванова ја креирала приказната за сликовницата „М...
19.
Feb.
Вести
Авторот Александар Русјаков вчеравечер (18 февруари) ја заокружи промоцијата на својата нова книга „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис&l...
12.
Feb.
Вести
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски ...
09.
Feb.
Вести
Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, на 7 февруари, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд ...
07.
Feb.
Вести
Во весел и креативен амбиент, исполнет со многу емоции, детски џагор, смеа, боење и дружење, вчеравечер (6 февруари) во „Литература.мк“ во &bdquo...
07.
Feb.
Вести
По повод отворањето на 25. Зимски олимписки игри, кои вчеравечер официјално започнаа во Милано и Кортина, споделуваме извадок од книгата „Спортски стор...
10.
Dec.
Вести
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во &bdquo...
18.
Nov.
Вести
Издавачката куќа „Арс Ламина“ и оваа година ги поддржа Детските Рацинови средби во Велес.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.16 MB