Вести

Награда за ентериер за книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

22.10.2025.
Награда за ентериер за книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
Награда за ентериер за книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

На 20 октомври, во рамките на официјалното затворање на БИМАС XXII – Биенале на македонската современа архитектура, што се одржа во Музејот на современата уметност – Скопје, „Платформа“ ја доби престижната награда во категоријата реализација од областа ентериер и дизајн за книжарницата „Литература.мк“. Автори на проектот се архитектите: Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ-Муратовска, Веле Богоевски, Ана Момировска и Јосиф Николовски.

Ова е втора награда за „Платформа“ поврзана со ентериер на книжарница „Литература.мк“. Во 2023 година тие го добија признанието за најдобар ентериер и за книжарницата во „Скопје сити мол“.

Книжарницата „Литература.мк“ и кафе-барот „Кафе Литература“, лоцирани на првиот кат во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во центарот на Скопје, почнаа со работа на почетокот на 2024 година. Сместени се на вкупна површина од 600 квадратни метри. Со својот впечатлив, современ внатрешен дизајн, инспириран од изгледот на Старата железничка станица, која се наоѓа во близина, ова е една од најпосетените и најпрепознатливите книжарници во Скопје.

Во книжарницата се понудени околу 55.000 книги, едукативни изданија, богата гифт-програма, материјали за училиште, декорации за домот, играчки, интерактивни изданија, како и производи за хоби и колекционери.

Во нејзиниот состав функционира и „Кафе Литература“, кое за кратко време прерасна во едно од омилените места за дружење, но и во препознатлив културен центар – со над 100 организирани настани: книжевни промоции, концерти, предавања, конференции, театарски изведби и детски програми.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 23.91 MB