Вести

Книгата „Се викам Храброст“ на „Арс Ламина“ се најде во престижниот светски каталог „The White Ravens 2025“

09.10.2025.
Книгата „Се викам Храброст“ на „Арс Ламина“ се најде во престижниот светски каталог „The White Ravens 2025“
Книгата „Се викам Храброст“ на „Арс Ламина“ се најде во престижниот светски каталог „The White Ravens 2025“

Наградуваната книга „Се викам Храброст“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“ за 2025 година. Оваа селекција секоја година ја прави Интернационалната младинска библиотека од Минхен, објавувајќи листа на најдобри книги за деца и млади, од автори од целиот свет, кои ги препорачува во својот годишен каталог.

„Се викам Храброст“ е дело посветено на 50 исклучителни жени од нашето минато и од нашата сегашност. Од Сирма Војвода до Вера Ацева и Илина Арсова, оваа книга зборува за жени кои со својот дух, упорност и истрајност успеале да се афирмираат како силни женски личности кои ќе го посветат животот или, пак, ќе го дадат својот живот за повисоки цели и за исполнување на нивните сништа. Книгата е наменета за помладата читателска публика и за сите оние што бараат инспирација. Идејата за создавање вакво дело е токму тоа - да им се даде насока и мотивација на младите девојчина да го пронајдат својот животен пат низ примери што ќе ги инспирираат. Пораката на ова издание е да бидеме љубопитни, храбри, вредни и да си поставуваме високи предизвици, а потоа напорно да работиме за да ги постигнеме. И никогаш, никогаш да не престанеме да сонуваме – исто како и хероините на „Се викам Храброст“.

Ова уникатно издание се издвојува и со впечатливиот графички дизајн и умешно осмислен визуелен идентитет. Во основата на дизајнот е поп-арт стилот, со динамичен колорит – како контраст за црно-белите фотографии и архивски документи. Книгата е своевиден споменар со колажи, доцртувани елементи и исписи. 

Книгата „Се викам Храброст“ во мај годинава беше прогласена за најкреативно издание на наградите на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ). Ова енциклопедиско издание со 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини е приредено од Надица Фирфова, а зад впечатливиот графички дизајн и визуелниот идентитет на книгата стои дизајнерката Анета Илиевска. 

Каталогот за „The White Ravens“ е најважното издание на Интернационалната библиотека за млади во Минхен, кој се издава со цел да ги промовира најдобрите книги за деца и млади од целиот свет. Се работи за листа на книги кои заслужуваат светско внимание поради универзалните теми што ги обработуваат, како и поради нивниот исклучителен уметнички и литературен стил. Каталогот, кој ќе биде промовиран за време на Саемот на книгата во Франкфурт (15-19 октомври) има 215 наслови, на 49 јазици, од 63 земји од светот.  

„Се викам Храброст“, е единствена книга на македонски јазик оваа година во каталогот и ќе биде претставена и на претстојниот Саем на книгата во Франкфурт, како дел од официјалната селекција на „White Ravens“, а потоа и на Саемот на книгата во Болоња 2026. 

Изминатите години во престижниот каталог „White Ravens“ се најдоа и „Девојче и мече“ од Ване Костуранов ( 2019) и „Бајки од Македонија за цела година“ (2020) во издание на „Арс Ламина“.  

 

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 790 МКД
12,78 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

18.
Nov.
Вести
Издавачката куќа „Арс Ламина“ и оваа година ги поддржа Детските Рацинови средби во Велес.
14.
Nov.
Вести
Доајенот на македонското спортско новинарство и автор, Зоран Михајлов, е добитник на престижната награда „13 Ноември“ за првата биографија посвет...
06.
Nov.
Вести
Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име,...
30.
Oct.
Вести
Свечено доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафаз...
22.
Oct.
Вести
Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијација...
17.
Oct.
Вести
На денешен ден, 17 октомври 1934 година, во Скопје е роден големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологича...
15.
Sep.
Вести
Новата книга „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски, ќе биде промовирана на 18 септември (четврток), во 1...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Кривата Дијана (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска, е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за на...
11.
Aug.
Вести
Четири години по отворањето во најголемиот трговски центар кај нас „Ист гејт мол“, книжарницата Literatura.mk Superstore доби значително проширув...
31.
Jul.
Вести
На 31 јули во 1965 година, во Јејт, Англија, е родена британската писателка Џ. К. Роулинг, најпозната по фантастичниот серијал книги за деца „Хари Поте...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.07 MB