Вести

Најголема „Литература.мк“ во најголемиот трговски центар – „Ист гејт мол“

11.08.2025.
Најголема „Литература.мк“ во најголемиот трговски центар – „Ист гејт мол“
Најголема „Литература.мк“ во најголемиот трговски центар – „Ист гејт мол“

Четири години по отворањето во најголемиот трговски центар кај нас „Ист гејт мол“, книжарницата Literatura.mk Superstore доби значително проширување, со што прерасна во најголемата книжарница на „Литература.мк“.

Добро познатата суперкнижарница, сместена на првиот кат, со проширувањето нуди двојно поголем избор на книги, подароци и уникатни производи од областа на литературата, образованието и уметноста. Понудата опфаќа неколку илјади артикли од стотина брендови од гифт-програмата и книги од сите поголеми издавачки куќи.

Во Literatura.mk Superstore може да се најде голем избор на белетристика, детска литература и стручни изданија на македонски, албански, англиски, германски и француски јазик. Просторот нуди и богата палета дизајнерски производи за домот, квалитетен избор на канцелариски и училиштен материјал, школски прибор, дидактички и едукативни изданија, помагала за уметност и дизајн, како и селектирана гифт-програма и луксузни подароци.

Проширувањето овозможува подобра организација на насловите, јасно обележани жанрови и тематски целини, како и полесно пронаоѓање на посакуваните изданија.

Ова проширување е дел од континуираните напори на „Литература.мк“ за развој на концептот на современа книжарница, во која функционалноста и богатата понуда се во прв план.

Покрај книжарницата во „Ист гејт мол“, добро се познати и другите локации на „Литература.мк“ – во „Скопје сити мол“, „Дајмон мол“, на улицата „Македонија“, во ТЦ „Буњаковец“, на „Широк сокак“ во Битола и во Струмица, како и најголемата онлајн- книжарница www.literatura.mk.

 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 23.91 MB