Вести

Го одбележуваме стотиот роденден на сер Дејвид Атенборо: Животен век посветен на природата

08.05.2026.
Го одбележуваме стотиот роденден на сер Дејвид Атенборо: Животен век посветен на природата
Го одбележуваме стотиот роденден на сер Дејвид Атенборо: Животен век посветен на природата

Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, писател и телевизиски презентер, чие име со децении е симбол за љубовта кон природата и борбата за зачувување на живиот свет. Со својот препознатлив глас, фасцинантни документарни серии и неуморна посветеност на планетата, сер Дејвид Атенборо инспирира милиони луѓе низ светот подобро да ја разберат и да ја заштитат природата.

По повод неговиот стоти роденден, потсетуваме на книгата „Животот на нашата планета“, која на македонски јазик е објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Животот на нашата планета“ – сведоштво и повик за будење

„Животот на нашата планета“ не е само книга – тоа е лично сведоштво, предупредување и визија за иднината на човештвото и Земјата. Во неа, Атенборо зборува за драматичните промени што ги видел во текот на својот живот и кариера, за исчезнувањето на дивината и за нарушувањето на природната рамнотежа на планетата.

„Земјата ја делиме со другите животни и со растенијата – најсовршениот замислив систем за одржување на животот, конструиран милијарди години. Стабилноста на планетата почна да се губи паралелно со намалувањето на разновидноста на живиот свет – овие две нешта се меѓусебно поврзани. Затоа, за да ја обновиме стабилноста на планетата, мораме да го обновиме биодиверзитетот, токму она што го уништуваме сега.“

Во книгата, Атенборо искрено пишува: „ Имав извонреден живот. Дури сега сфаќам колку извонреден. Како младич, додека шетав, мислев дека ја гледам дивината, дека го искусувам негибнатиот свет на природата – но, тоа беше илузија.“

„Животот на нашата планета“ е и предупредување и надеж – приказна за тоа како човештвото ја направило својата најголема грешка, но и како сè уште постои можност таа да се исправи ако дејствуваме навреме.

 

100 години љубов кон планетата Земја

Сер Дејвид Фредерик Атенборо е роден на 8 мај 1926 година во Ајлворт, Лондон. Уште како дете развил огромна љубов кон природата, собирајќи фосили, камења и разни природни примероци. Студирал геологија и зоологија на Кембриџ, а по службата во Кралската морнарица започнал кариера во Би-би-си.

Во 1954 година ја создава серијата „Zoo Quest“, која станува почеток на една од највлијателните телевизиски кариери во историјата. Подоцна следуваат легендарните серии: „Живот на Земјата“, „Живата планета“, „Планета Земја“, „Сина планета“, „Нашата планета“ („Life on Earth“, „The Living Planet“, „Planet Earth“, „Blue Planet“, „Our Planet“) и многу други, со кои Атенборо ги доближува чудата на природата до милиони гледачи низ светот.

Неговите документарци поставија нови стандарди во природонаучната телевизија, комбинирајќи научна прецизност, револуционерни снимателски техники и емотивно раскажување.

Во текот на својата речиси седумдецениска кариера, Атенборо добил многубројни признанија, меѓу кои повеќе БАФТА и Еми награди, како и витешка титула во 1985 година. Освен како автор и презентер, тој е и еден од најгласните светски поборници за заштита на природата, биодиверзитетот и борбата против климатските промени.

И на својот стоти роденден, Дејвид Атенборо останува една од највлијателните личности кога станува збор за подигањето на свеста за иднината на нашата планета – човек што нè потсетува дека природата не е нешто одвоено од нас, туку нашиот единствен дом.

 

Книгата „Животот на нашата планета“ е достапна во поголемите книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
27.
Apr.
Вести
Во прекрасниот и инспиративен амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во петокот (24 април) беше промовирана книгат...
26.
Apr.
Вести
Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, во с...
22.
Apr.
Вести
На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваш...
18.
Apr.
Вести
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, вчеравечер (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во &b...
13.
Mar.
Вести
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на н...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.08 MB