За малите читатели

Шарени изданија од Литература.мк со кои ќе читајте, учите и боите со вашите деца овој Велигден

21.04.2022.
Шарени изданија од Литература.мк со кои ќе читајте, учите и боите со вашите деца овој Велигден

Книгите се траен и вреден подарок за најмладите. Преку нив децата се едуцираат, се информираат и се забавуваат. Тие ја поттикнуваат креативноста, фантазијата, критичкото мислење и квалитетно го исполнуваат слободното време. За време на велигденските празници израдувајте ги своите најмили со изданија чијашто приказна и илустрации се поврзани со симболите на овој празник, но пораките се универзални. Во продолжение е листа со сликовници, боенки, интерактивни изданија и книги во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, кои можете да ги подарите на најмладите за време на овие празници.

1. „Мистериозното јајце“ од Оливер Коларевски

Книгата за деца „Мистериозното јајце“ од младиот автор и илустратор Оливер Коларевски претставува современа бајка, во која љубопитноста и фантазијата се основен двигател. Книгата покажува колку различни погледи и очекувања можат да имаат луѓето за иста работа, благодарение на својата фантазија. Приказната почнува кога најдобрите другарчиња Дени, Лука, Ана и Оливер пронаоѓаат едно џиновско и крајно мистериозно шарено јајце. Што ли се крие во него? Секое од децата замислува што би можело да има во јајцето, а Оливер си мечтае дека во него има малечко розово слонче. Слонче? Па, кој слушнал слонче да излезе од јајце? Слончињата не се раѓаат од јајца, за разлика од птиците, кокошките, диносаурусите и змејовите. Како ли ќе се разреши оваа голема мистерија и што навистина се крие во јајцето?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13130

2. „Дина и Додо: Велигденска потрага“

Преку новото интерактивно издание: „Дина и Додо: Велигденска потрага“, решавајќи ги загатките, децата ќе учат и истовремено ќе се забавуваат за време на празниците. Низ оваа вежбанка, инспирирана од Велигден, децата ќе најдат многу забавни активности и загатки за решавање – од лавиринти и пронаоѓање на различни или исти предмети, цртање од точка до точка, боење, до откривање на скриени предмети и зборови, активности со броење и собирање и судоку загатки! Овие книги се добри за развој на логичките капацитети и способности кај децата, за јакнење на концентрацијата и за поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14875

3. Fingerprint Art: EASTER

Поминете незаборавни моменти креирајќи уметност со прстите, наместо со четкички за боење. Во новиот иновативен серијал Fingerprints Art („Уметност со отпечатоци од прсти“) во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, вклучени се четири тематски боенки со неколку теми. Изданијата се со цртежи инспирирани од Велигден, природата, летото и Божиќ. Боенката Fingerprint Art: EASTER, посветена на Велигден, содржи осум интересни цртежи на кои вие и вашите деца можете да создавате уметност со вашите прсти! Цртежите можете исто така да ги исечете и да ги користите како украс на вашиот ѕид. Овие боенки ја зајакнуваат моториката кај децата, развиваат трпение, ја поттикнуваат креативноста и создаваат незаборавни проекти.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14888

4. „Три шарени јајца и една лоша маца“ од Билјана С. Црвенковска

Оваа картонска сликовница е симпатичен подарок за најмладите. Преку интересните и вивидни илустрации децата ќе ја развијат својата имагинација. Читајте заедно и поставувајте им прашања. Потоа можете да ги нацртате шарените јајца и да ја раскажете приказната на свој начин. Во меѓувреме, откријте што се случува кога една лоша маца ќе наиде на три шарени јајца?

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13074

5. „Басни од Македонија“: „Кучето и зајакот“

Илустрираните басни за деца инспирирани од приказните од народното творештво се одличен подарок за дечињата. Од едицијата „Басни од Македонија“, која е реализирана од Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, ја издвојуваме модернизираната верзија на приказната „Кучето и зајакот“.

Кучето и зајакот се расправале кој може да трча побрзо:

„Јас можам да трчам побрзо од тебе“, рекол зајакот.

„Е, како не“, рекло кучето. „Јас сум побрз!“

Се расправале вака, па решиле да се тркаат.

Одредиле една линија што ќе биде „старт“ и уште една што ќе биде „цел“, застанале на стартот и… трката почнала!

Покрај „Кучето и зајакот“, во оваа едиција се и басните: „Лакомата мечка“, „Војската на лавот“ и „Жабата и глушецот“. Овие приказни потекнуваат од усното народно творештво, а биле собрани од Марко Цепенков. Сликовниците се со илустрации од Катерина Николовска, а се адаптирани од Билјана Црвенковска.

Сликовниците од едицијата „Басни од Македонија“ можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

6. „Приказната за зајачето Питер“ од Беатрикс Потер

Оваа книга ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи. „Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвремени книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот. Следуваат и „Приказната за Бенџамин Зајчевски“ – приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин. Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=12785

7. „Приказната за Бенџамин Зајчевски“ од Беатрикс Потер

Ова е приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин. Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка!

Оваа и другите книгите од култната авторка Беатрикс Потер на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина – публикации“, се достапни во книжарниците на „Литература.мк“ и онлајн преку следниот линк.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=12784

8. Серијал „Деца-цветови“ од Елизабет Гордон

„Деца-цветови“ е збирка од кратки детски песни за цвеќињата што цутат во текот на целата година, од која децата ќе научат разни нешта за најубавите растенија во природата. Секоја илустрација е половина цвеќе и половина дете, што претставува забавен начин децата да се препознаат себеси во светот на природата.

Овие илустрирани класици се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=7164

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 8 MB