Занимливости

Во чест на Џејн Остин: „Гордост и предрасуда“ – ремек-дело што останува вечно

18.07.2025.
Во чест на Џејн Остин: „Гордост и предрасуда“ – ремек-дело што останува вечно
Во чест на Џејн Остин: „Гордост и предрасуда“ – ремек-дело што останува вечно

На денешен ден, 18 јули 1817 година, починала една од најзначајните авторки во историјата на англиската книжевност – Џејн Остин. Со своите реалистични романи, остри коментари за општеството и маестрална употреба на слободниот индиректен говор, пародијата и иронијата, таа важи за една од најчитаните и најсакани писателки на сите времиња.

Во нејзина чест, се потсетуваме на безвременскиот класик „Гордост и предрасудa“, кој на македонски јазик е објавен во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Џејн Остин (16.12.1775 – 18.07.1817), родена во мала англиска општествена средина, станала гласот на реализамот и моралот во литературата. Со остар ум, суптилна иронија и уникатна способност за анализа на човечките односи, таа создаде ликови кои и денес живеат во колективната имагинација. Во своето творештво, Остин успешно прикажува длабока критика на тогашното општество, особено на положбата на жената и нејзината економска и социјална зависност од бракот. Во младоста напишала над 25 дела, а за време на својот живот објавила четири романи кои денес се сметаат за класици: „Разум и чувства“, „Гордост и предрасуди“, „Паркот Мансфилд“ и „Ема“. Постхумно биле објавени уште два нејзини романа – „Нортангерската опатија“ и „Убедувања“, а зад себе оставила и три незавршени дела.

„Гордост и предрасуда“ е нејзин втор објавен роман, напишан помеѓу 1796 и 1797 година во Хемпшир. Првично носел наслов „Први впечатоци“, но пред објавувањето бил преименуван.  Интересно е што романот првично бил одбиен од издавачите. Потоа, Остин направила значајни измени, вклучително и промената на насловот. Преработката е извршена помеѓу 1811 и 1812 година – а резултатот е едно од највлијателните дела на светската литература.

Книгата ја раскажува приказната на духовитата и независна Елизабет Бенет и гордиот, но доблесен господин Дарси. Нивниот сложен однос, исполнет со недоразбирања, личен раст и емоционална еволуција, претставува една од најомилените љубовни приказни во светската книжевност. Овој роман не е само љубовна приказна – тој е и прозорец кон англиското општество од 19 век, исполнет со критика, хумор и извонреден стил на пишување.

Во анкетата на „Би-би-си“ од 2003 година за „Најсакани книги на Британците“, романот се најде на второто место, веднаш по „Господарот на прстените“.

Според романот се снимени бројни филмски и телевизиски адаптации. Првиот филм е снимен во 1940 година, по сценарио на Олдос Хаксли, со Грир Гарсон и Лоренс Оливие во главните улоги, и освоил Оскар за сценографија. Најпознатата екранизација е ТВ-серијата на „Би-би-си“ од 1995 година со Колин Фирт, која доби бројни награди, меѓу кои и Prime Time Emmy. Голем успех постигна и филмот на Џо Рајт од 2005 година, со Кира Најтли во улогата на Елизабет Бенет.

Денес, повеќе од два века по нејзината смрт, делата на Џејн Остин сè уште се читаат, анализираат и обожуваат. Таа не само што е темел на англиската литература, туку и симбол на женското творештво и умешноста на зборот.

Ви препорачуваме повторно да ѝ се навратите на „Гордост и предрасуда“ – роман што секогаш открива нови слоеви и вредности, без разлика колку пати го прочитате. Во нејзин спомен – читајте со срце и размислувајте со ум, токму како што пишувала таа.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Sep.
Занимливости
Книжевниот крал на хоророт, Стивен Кинг, денеска (21 септември) го прославува својот 77. роденден. Во неговата неколкудецениска кариера има објавено 65 роман...
15.
Sep.
Занимливости
Кралицата на мистериите и на крими-романите – Агата Кристи е родена на денешен ден (15 септември) во 1890 година, во Торки, во државата Девон.  Ог...
15.
Sep.
Занимливости
Го одбележуваме роденденот на принцот Хари со автобиографијата „Резерва“. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, д...
16.
Feb.
Занимливости
Вистинските книгољупци, освен што пасионирано следат што има ново во светот на убавиот пишан збор, уживаат во создавањето на пријатна атмосфера за својата ом...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.56 MB