Занимливости

Го одбележуваме роденденот на кралицата на мистериите – Агата Кристи

15.09.2024.
Го одбележуваме роденденот на кралицата на мистериите – Агата Кристи
Го одбележуваме роденденот на кралицата на мистериите – Агата Кристи

Кралицата на мистериите и на крими-романите – Агата Кристи е родена на денешен ден (15 септември) во 1890 година, во Торки, во државата Девон.  Нејзиното вистинско име е Агата Мери Клариса Милер, а презимето Кристи го задржала од својот прв сопруг, полковникот Арчибалд Кристи. Во нејзината 56-годишна кариера, под името Агата Кристи има објавено над 70 детективски романи и збирки раскази, како и деветнаесет сценски дела. Под псевдонимот Мери Вестмакот, пак, создала шест љубовни новели. Има напишано и една книга за деца.   

Важи за една од најславните британски авторки кои твореле во 20 век, а чијашто популарност може да се пресмета и со продажбата на рекордниот тираж од над две милијарди примероци на нејзините книги. Нејзината слава е постојана и не стивнува дури ни по речиси половина век од нејзината смрт. Постојано се јавуваат нови генерации посветени читатели и обожаватели на нејзиното творештво, а огромен број нејзини наслови биле преточени во филм, драмски изведби, радиоизведби и сл.

Огромната популарност на делата на Агата Кристи е забележана и во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван и најпреведуван автор на сите времиња. Денес, повеќе од еден век од почетокот на нејзиното творештво, сè уште постои огромен интерес за нејзините дела и се создаваат нови генерации нејзини посветени читатели.

Кристи, која ја нарекуваат кралица на мистериите и на крими-романите, се издвојува со  нејзиното мајсторство на пишаниот збор и начинот на кој го плени читателот со приказната. Ликовите во нејзините дела се шаренолики, заплетот интригантен, дејството динамично, локациите каде што се случуваат мистериите се хотели, возови, бродови, типични англиски села, острови, археолошки наоѓалишта итн., па со секој нов наслов читателот има чувство дека отпатувал некаде.

Славната британска авторка се образовала во домашни услови, а нејзината мајка ја охрабрувала да почне да пишува уште од рана возраст. На 16 години таа била пратена во едно училиште во Париз, каде што учела пеење и свирење пијано. Кристи била одлична пијанистка, но нејзиниот страв од сцената и публиката и срамот ја спречиле да продолжи со музичката кариера. Кога нејзината мајка ја однела во Каиро една зима, таа таму напишала роман. Охрабрена од Еден Филипотс, сосед и пријател во Торки, таа почнала со пишувањето и издала неколку стории. Авторка е на едни од најпознатите ликови во светската книжевност, белгискиот детектив Херкул Поаро и мис Џејн Марпл. Нејзините романи фасцинираат со својата проникливост и мистерија. Всушност, и нејзиниот живот бил мистерија. Сѐ уште е неразјаснето нејзиното неколкудневно исчезнување, по разделбата со првиот сопруг, кога ѝ се губи секаква трага... Но, потоа се враќа и продолжува со животот. Притоа, никогаш не објаснила што ѝ се случило. Затоа, според многумина – книжевната мистерија од Агата Кристи што најмногу ќе ве обземе е всушност нејзината лична автобиографија, која  е објавена на македонски јазик во издание на „Арс Либри“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Повеќе од четири децении по нејзината смрт (12 јануари 1976 година) многу читатели и книжевни критичари на делата на Агата Кристи ова дело го издвојуваат како најинтересното, а сепак најмалку познато. Нејзината веродостојна автобиографија, во најголем дел пишувана во шеесеттите години, скромно го игнорира фактот дека Агата веќе станала најпродаван автор на романи во историјата и се фокусира на нејзиниот фасцинантен приватен живот.

Покрај Автобиографијата на Агата Кристи, издавачката куќа „Арс Ламина“ има објавено  и колекционерска едиција со 12 најпознати наслови, поделени во два сета. Во првиот сет се: „Мистериозниот случај во Стајлс“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Лорд Еџвер е мртов“, „Убиство во Ориент експрес“, „Смрт на Нил“ и „Зло под сонцето“, а во вториот: „По погребот“, „Завеса: последниот случај на Поаро“, „Мртво тело во библиотеката“, „Во 16:50 часот од станицата Падингтон“, „И не остана ниту еден“ и „Златната топка и други раскази“.

Агата Кристи е инспирација и за современите автори. Имено, мистериозното исчезнување на Кристи е инспирација за одличниот роман на Нина де Грамонт, „Аферата Кристи“, кој е интернационален бестселер на „Њујорк тајмс“ и избор за најдобро издание на месецот на книжевниот клуб на Рис Витерспун за февруари 2022 година. Ова издание е веќе преведено на многу јазици, меѓу кои: италијански, романски, португалски, хрватски, српски, холандски, литвански, француски, полски, шпански, германски итн. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“. Жанровски, книгата може да се смести во делот на историска фикција и мистерија, но и романса/трилер. „Аферата Кристи“ е дело што го очекува и екранизација во облик на мини-серија, а се работи за одлична приказна базирана на вистинити настани.

Почетната точка за создавање на ова дело е тоа што во целиот книжевен корпус и материјалите поврзани со Агата Кристи има само приказна на случај без разрешница, а тоа е нејзината лична приказна. Се работи за мистериозното 11-дневно исчезнување на Агата Кристи во 1926 година, кое единствено може да се спореди со мистеријата на многу потрајното исчезнување на Џими Хофа во 1975 година, како најпознат неразрешен случај во модерното време.

 

Книгите се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk.

 

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Sep.
Занимливости
Книжевниот крал на хоророт, Стивен Кинг, денеска (21 септември) го прославува својот 77. роденден. Во неговата неколкудецениска кариера има објавено 65 роман...
15.
Sep.
Занимливости
Го одбележуваме роденденот на принцот Хари со автобиографијата „Резерва“. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, д...
16.
Feb.
Занимливости
Вистинските книгољупци, освен што пасионирано следат што има ново во светот на убавиот пишан збор, уживаат во создавањето на пријатна атмосфера за својата ом...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.9 MB