Занимливости

2 Август - Денот на Републиката: Илинден помеѓу историјата, традицијата и иднината

01.08.2025.
2 Август - Денот на Републиката: Илинден помеѓу историјата, традицијата и иднината
2 Август - Денот на Републиката: Илинден помеѓу историјата, традицијата и иднината

На 2 Август го одбележуваме Денот на Републиката -  Илинден - големиот државен празник, кој има посебно значење за историјата на македонскиот народ. На овој датум во 1903 година почнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. На овој ден православните граѓани го слават и верскиот празник Свети Илија (Илинден).

Но, покрај тоа што одбележуваме 122 година од Крушевската Република и 81 години од првото заседание на АСНОМ. 

Во духот на овој ден, што обединува историја, борба, државност и традиција – издвојуваме книжевни наслови од Арс Ламина кои го доловуваат македонскиот дух низ различни перспективи:

1. „Пустина“ и  „Арамиско гнездо“ Ѓорѓи Абаџиев

 

Пустина

Што се случува во умот и во душата на еден атентатор - Човек кој едни го сметаат за патриот, а други за терорист? Што, во крајна линија, тој мисли самиот за себе? Романот "Пустина" (чијшто прв фрагмент излегува во далечната 1956 година, а објавен е 1961 година) од Ѓорѓи Абаџиев е луциден и храбар обид да се одговори на ова прашање. Обидот бил крунисан со престижната награда "11 Октомври".

Арамиско гнездо

Беше решен да умре, да стави крај на тој ѓаволски замрсен живот. Но, не да умре како јаре под нож... Убивал, со злато, со китна руба и со жени ја наситил својата душа. Повеќе не може и не треба. Би сакал повеќе само да можеше. Ама конецот дотука стигнал... Бег не бил, од бег поубаво поживеа, султан не бил, султанските наредби ги газеше.“ Во еден од првите романи издадени на македонски јазик (1954), Ѓорѓи Абаџиев ја користи својата богата и полна со ерудиција историска имагинација за да ни го наслика времето на ајдутството. Преку ајдутите Мануш, Трајко и Муса, нивните љубени Дафа и Јана, чорбаџијата Гого Јане, Топуз-бег, Билбил-ага и уште многу други, тој му вдахнува живот на не толку далечниот XIX век. Возвишени планини, мистериозни шуми, брзи потоци, мирни, затскриени села − тоа е пејзажот на овој роман, полн со авантура, борби и љубов, во кој непрестајно се мешаат романтизмот на народните песни, легендите и преданијата, и суровиот реализам на историските факти.

2. „Се викам Храброст“

„Се викам храброст“ е дело посветено на 50 исклучителни жени од нашето минато и од нашата сегашност. Од Сирма Војвода до Вера Ацева и Илина Арсова, ова дело зборува за жени кои со својот дух, упорност и истрајност успеале да се афирмираат како силни женски личности кои ќе го посветат животот или, пак, ќе го дадат својот живот за повисоки цели и за исполнување на нивните сништа. Книгата „Се викам храброст“ е наменета за помладата читателска публика и за сите оние што бараат инспирација. Идејата за создавање вакво дело е токму тоа - да им се даде насока и мотивација на младите девојчина да го пронајдат својот животен пат низ примери што ќе ги инспирираат. Сите личности застапени во оваа книга се избрани мошне внимателно за да послужат како поттик на младите читатели во пронаоѓање на целта на сопствениот живот. Низ овие инспиративни приказни во кои преовладуваат ентузијазам и храброст, да се охрабрат и да согледаат дека трудољубивоста и пожртвуваноста за постигнување одредена цел носи огромно задоволство и високо чувство на самопочит. Иако низ македонската историја има уште многу женски имиња кои нè задолжиле со своите лик и дело, нашиот избор на овие педесет женски ликови е со цел да се опфатат личности од различни периоди од нашата историја и современост и од различни области: историја и народноослободителната војна, политика, култура, наука, медицина, необични професии за жена, спорт итн. Пораката на ова издание е да бидеме љубопитни, храбри, вредни и да си поставуваме високи предизвици, а потоа напорно да работиме за да ги постигнеме. И никогаш, никогаш, да не престанеме да сонуваме - исто како и хероините на „Се викам храброст“.

3. „Огледало во Македонија“

Привлечен од Македонија во 1971 година од нејзината динамична фолклорна култура, Нил Фолберг добива стипендија од Универзитетот на Калифорнија во Беркли за да помине пет месеци фотографирајќи ја земјата и луѓето во оваа нерамна, планинска земја, во тоа време дел од Југославија. Полицијата и службите за државна безбедност ја комплицираат задачата на Фолберг. Во својот есеј, Фолберг пишува за неговата работа, за социјалниот и уметничкиот контекст и за неговите разговори со мајсторите покрај кои студирал, фотографите Ансел Адамс и Вилијам Гарнет. Гледајќи наназад од перспектива на педесет години, Фолберг пишува: „Каде се сите тие анонимни луѓе кои ги запознав, секој со своја приказна? Каде се тие денес? Сите тие се тука, на овие фотографии. Но, тука е и изненадувањето: гледајќи наназад низ овие прозорци наоѓам огледало што ме одразува мене, 21-годишен студент од Беркли. Се гледам себеси како поставувам статив и фотоапарат на јавен плоштад, каде што луѓето или поминуваат околу мене или ми приоѓаат, привлечени или одбиени од мојот фотоапарат. Тајни агенти ме следат, но јас не ги гледам. Се набљудувам себеси во огледалото на времето“. Нил Фолберг е роден во Сан Франциско во 1950 година. Денес живее во Израел, каде што ја води галеријата „Визија“ во Ерусалим. Има објавено многу книги, меѓу кои и „И јас ќе живеам меѓу нив“ (And I Shall Dwell Among Them) и „Небесни ноќи“ (Celestial Nights). Неговите фотографии се изложувани во музеи и галерии низ целиот свет, а неговите принтови се наоѓаат во големи музејски колекции.

4. „Костимот во Македонија“

Се наоѓаме пред еден вреден примерок за историјата на облекувањето на овие простори, кој збогатен со цртежи, фотографии, но и сликовити извадоци од романот Крпен живот на писателот Столе Попов, со ретко привидна леснотија ги документира нашиот костим и нашите обичаи преку облеката на Лидија Георгиева.

5. „Остани во чекор : 10 антологиски кореографии - Танец“

Седумдеcениското континуирано дејствување на ансамблот „Танеc“ резултира со исклучително значаен придонес во собирањето и зачувувањето раритетни, автохтони содрини од богатото фолклорно творештво што низ векови го создавал народниот гениј. Резултира со значајни авторски приоди во современи звучно-визуелни сcенски надградби на традиcионалното. Резултира во афирмирање на спеcификите на инструменталното, вокалното и вокално-инструменталното музиcирање, во изворна форма и надградено.

6. „Македонски визуелен идентитет“

Оваа книга се занимава со македонската визуелна "генетика" и ги истражува македонските визуелни културни традиции во ера на брзи и драматични општествени промени. Вековната борба за македонски идентитет, како и барањето на македонскиот идентитет и културен "генетски" код, станува видлива со бурните општествени промени и револуционерните движења кон крајот на 19 и во почетокот на 20 век, а се зајакнува со сувереноста, самостојноста и независноста на Република Македонија од 1991 година и потребата за определување на нејзината културна различност и идентитет во светски рамки. Во постмодерната ера, во која царуваат глобализацијата, интернетот, социјалните медиуми и визуелните комуникации, овој културен "генетски" код ќе биде студиран во рамките на визуелната култура, низ призмата на народната култура и фолклорот (традиционален и урбан) од една страна и високата култура и уметност од друга страна, но и преку полето на поткултурите кои се инхерентни за популарната културa и медиумите.

7. „Џоломарите“

8. „Бајки од Македонија за цела година“

Најубавите бајки од македонската народна традиcија. Дали сте чуле за девојката Злата Позлатена? А за мома Тентелина и волcите? Кој ја знае приказната за ламјината ќерка Црнодреха? А сакате ли да дознаете зошто еден кнез се научил да плете кошниcи? И кој бил змејот од Пелистер? Ова богато илустрирано издание содри 52 македонски бајки и басни од нашата фолклорна традиcија што се читаат во текот на cелата година, а читателите се запознаваат со многу нови интересни ликови кои се соочуваат со разни предизвиcи. Приказните во оваа книга ќе ја разбудат фантазијата на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскаува повторно и повторно.

9. „Нови бајки од Македонија“

„Нови бајки од Македонија“ е збирка од 24 современи, авторски бајки, кои го збогатуваат омилениот жанр на децата. Некои од нив се случуваат и во наше време, на наши предели и со препознатливи ликови од нашето опкружување, со што уште повеќе им се приближуваат на малите големи читатели. „Нови бајки од Македонија“ го вдомуваат светот на бајките со коишто сме пораснати во македонскиот јазик. Тие истовремено и го развиваат авторскиот глас произлезен од најубавата традиција на раскажувањето. Станува збор за новата, голема книга со 24 бајки, од 23 автори, кои беа селектирани за најдобри или влегоа во потесниот избор на конкурсот „Нови бајки од Македонија“ од 2020 година и кои беа објавени изминатите години како посебни сликовници или беа дел од книгата „Детелинки-белинки“. Новото издание е збогатено со нови, раскошни илустрации, кои ги нацрта Орце Нинески. „Нови бајки од Македонија“ ги обединува сликовниците „Перуника“ од Сибо, „Бакнежот на пролетта“ од Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од Катерина Данаилова, „Осаменото дрво“ од Нина Максимова, „Океанија“ од Мартин Миљев, „Луѓето и змејовите“ од Владо Јаневски, „Детето на месечината“ од Јана Глигороска и „Зелда и Фе и болниот змеј“ од Катерина Трајановска, како и бајките од читанката „Детелинки белинки“: „Авантурите на едно мракче“ од Билјана Станковска, „Во земјата на белите облачиња“ од Владо Димовски, „Приказната за Вин“ од Анета Ристеска, „Часовникот на Симон“ од Клементина Петрушевска, „Детелинки-белинки“ од Мартина Дукоска, „Бајка за Нова година“ од Светлана Дарудова, „Зелената кралица“ од Анита Димовска, „Змејот од Пелистер“ од Биљана Стојановска, „Горделивата жирафа“ од Ана Ѓорѓевиќ, „Волкот Пук“ од Марија Ралповска, „Волшебен лет“ од Мимоза Тодоровска, „Папагалот и кучето“ од Владо Јаневски, „Mагијата на другарството“ од Алма Растодер, „Не е добро да се лаже“ од Ана Гаштарова, „Јагулата и рибарот Климе“ од Анастасија Илиевска и „Авантурите на Tрепколетка“ од Весна Кираџиева. Во книгата е вклучен и речник на помалку познати зборови.

10. „Тајните на македонските пештери“

Книгата „Пештерите во Македонија“ е прва книга на македонски јазик што ги објаснува одликите на пештерите на ниво адаптирано за младите читатели. Во првиот дел е дадено објаснување како се формираат пештери и пештерски украси, како и потребната опрема за нивно истражување. Во вториот дел се опфатени седум позначајни македонски пештери. За секоја пештера се изнесени спелеолошки информации, факти за пештерската фауна и легенда поврзана за пештерата. Третиот дел од книгата е забавен дел во кој преку интересни активности читателот стекнува трајни знаења за подземните карстни форми.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
790 МКД
12,78 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
990 МКД
16,02 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
750 МКД
12,14 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
650 МКД
10,52 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
295 МКД
4,77 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
500 МКД
8,09 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
690 МКД
11,17 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Занимливости
Во чест на 62 години од катастрофалниот земјотрес, ви претставуваме избор на книги во издание на „Арс Ламина“, кои сведочат, се сеќаваа...
18.
Jul.
Занимливости
На денешен ден, 18 јули 1817 година, починала една од најзначајните авторки во историјата на англиската книжевност – Џејн Остин.
21.
Sep.
Занимливости
Книжевниот крал на хоророт, Стивен Кинг, денеска (21 септември) го прославува својот 77. роденден. Во неговата неколкудецениска кариера има објавено 65 роман...
15.
Sep.
Занимливости
Кралицата на мистериите и на крими-романите – Агата Кристи е родена на денешен ден (15 септември) во 1890 година, во Торки, во државата Девон.  Ог...
15.
Sep.
Занимливости
Го одбележуваме роденденот на принцот Хари со автобиографијата „Резерва“. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, д...
16.
Feb.
Занимливости
Вистинските книгољупци, освен што пасионирано следат што има ново во светот на убавиот пишан збор, уживаат во создавањето на пријатна атмосфера за својата ом...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 9.37 MB