Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Публицистика
- Популарна публицистика
- Историја
- Италијанска литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот
Шифра на артикл: 067297
Баркод: 9786082801230
Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ
За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490
Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот
Пиши ни на:
Pomoć
Светот е книга во која Севишниот ги запишал своите идеи и жив храм во кој, по својот пример, со живи статуи ги украсил и дното и небото - вака гласи еден од најславните стихови на барокната поезија од Томазо Кампанела, вклучени во делото со наслов „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од авторките Ева Ѓорѓиевска и Јована Караникиќ Јосимовска. Делото ги предочува спецификите на италијанската литература и култура од XVII до почетокот на XIX век, ги запознава читателите со творештвото и достигнувањата на најзначајните претставници на барокот, просветителството и неокласицизмот во Италија, имајќи ги предвид придобивките на нивното творештво и истражување врз целокупниот понатамошен развој на науката и културата на глобално ниво: хелиоцентричната теорија застапувана од Џордано Бруно, емпирискиот метод на Галилео Галилеј (покрај многу други епохални иновации), филозофијата на историјата од Џамбатиста Вико, иновативните вешти метафори на Џамбатиста Марино, реформата на театарот на Карло Голдони, општествено ангажираната поезија на Џузепе Парини, интроспективните морални драми на Виторио Алфјери, импровизирачката моќ на актерите на Comedia dellarte, вештите поигрувања со традиционалните форми и актуелните теми на Винченцо Монти и многу други новини претставени во теоретскиот дел и поткрепени во практичниот дел со извадоци од конкретните дела. Паралелно со книжевните вредности кои ги истакнува книгата, за секој од споменатите периоди е направен преглед на значајни уметнички дела од музиката, скулптурата, архитектурата или сликарството.
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Историја |
| Автор | проф. д-р Ева Ѓорѓиевска, проф. д-р Јована Караникиќ Јосимовска |
| Издавач | Арс Ламина |
| Јазик | Македонски |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 2000 денари.
Слични производи
Историја
058422
Автор :
Кинга Нетман-Мултановска
Цена
800
МКД
12,94
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!