Блог

Вчера славевме уметност: Вечер посветена на уметникот Киро Урдин

16.04.2025.
Вчера славевме уметност: Вечер посветена на уметникот Киро Урдин
Вчера славевме уметност: Вечер посветена на уметникот Киро Урдин

Вчера, на Светскиот ден на уметноста, 15 април (вторник), со почеток во 19 часот, се одржа незаборавна вечер посветена на уметникот Киро Урдин. Настанот беше вистинска прослава на креативноста и визионерството, низ проекцијата на наградуваниот документарец „Планетариум“ и изложбата на фотографии и афоризми од самиот Урдин.

Документарниот филм „Планетариум“, во режија на Киро Урдин и Иван Митевски, го раскажа патот на првото уметничко дело создадено ширум светот – дело со површина од 48 квадратни метри, едно од најголемите во современа Европа. Оваа слика, работена од 1996 до 1997 година, ги обединува културите и континентите, и е поставена како основа на ликовниот правец мондидализам – концепт што го слави светот како едно платно.

„Планетариумот“ не е само слика, туку мултимедијален проект кој ја доби наградата за најдобар документарен филм на Меѓународниот фестивал на независни филмови и документарци во Њујорк во 2005 година.

Покрај филмската проекција, посетителите уживаа во внимателно подготвена изложба со фотографии од создавањето на делото и афоризми од Киро Урдин.

Настанот беше вистинска почит кон еден од најзначајните македонски уметници и инспирација за сите љубители на уметноста.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

15.
Nov.
Филм
„Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс првпат е објавена во 1843 година и повеќе од 180 години подоцна сè уште ја задржува својата актуелност.
14.
Nov.
Вести
Три книги објавени од издавачката куќа „Арс Ламина“ се добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година, што ја доделува Град Скопј...
13.
Nov.
Настани
На 12 ноември во „Литература.мк“ во „Дајмнод мол“ беше промовирана книгата „Чија си“, 55 години по премиерната извед...
08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
07.
Nov.
Настани
Авторизираната биографија на Славе Димитров – „Чија си“ од Максим Ристески ќе биде промовирана на 12 ноември, во 19 часот, во „Литера...
06.
Nov.
Настани
„На местото на настанот“, првата книга на новинарот Александар Видиновски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Nov.
Акции
Со попусти до 90 % на повеќе од 20.000 производи, синџирот книжарници „Литература.мк“ од 3 до 30 ноември ќе ја реализира големата продажна акција...
01.
Nov.
Настани
Првата книга на новинарот Александар Видиновски, „На местото на настанот“, ќе биде промовирана на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, в...
01.
Nov.
Интервјуа
Со прашањето „Колку ме сакаш, мамо?“ започнува нежна приказна за љубовта, која не може да се измери, но може да се препознае во секојдневните мал...
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.2 MB