Интервјуа

Илина Качински: Секоја релација родител-дете е единствена и неповторлива

03.11.2026.
Илина Качински: Секоја релација родител-дете е единствена и неповторлива
Илина Качински: Секоја релација родител-дете е единствена и неповторлива

Со прашањето „Колку ме сакаш, мамо?“ започнува нежна приказна за љубовта, која не може да се измери, но може да се препознае во секојдневните мали нешта – во прегратката, во играта, во заедничкото откривање на светот, во  капките дожд и есенските лисја, во моментите кога времето како да застанува. Во својата прва сликовница, објавена во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина публикации“, Илина Качински зборува за мајчинската љубов, но и за љубопитноста, за блискоста и за потребата постојано да прашуваме.

За Илина, пишувањето започнало уште со описменувањето, како начин да ги разбере и да ги подреди сопствените мисли, а пишувањето за деца природно израснало од годините поминати во читање со нејзините деца. Така, од вечерните приказни и разговори пред спиење се родила и „Колку ме сакаш, мамо?“ – книга што отвора простор за едно едноставно, но суштинско прашање и за одговор што не се кажува по калап, туку се создава во секоја единствена врска меѓу детето и оној што го сака.

Во разговорот Илина Качински открива како се родила приказната, зошто љубовта ја препознава во дождот, во птиците и во детската игра, како течела соработката со илустраторката Рената Јосифовска и што посакува децата и возрасните да понесат со себе по последната страница.

* Како започна вашата приказна со пишувањето книги за деца?

-  Пишувањето детска литература започна  најприродно и спонтано. Во последните 13 години секоја вечер го испраќаме денот со читање барем една книга, и секоја од тие книги ни отворила безброј врвици по кои никогаш не би тргнале да не била таа книга. Со други зборови, дводимензионалноста на книгата метаморфозира во безброј димензии откако ќе се прочита еднаш. Ни овозможува дополнителни прашања,  разговори, фантазирања, надополнувања и глумења. Оттука, моите или нашите заеднички почетоци им ги должам на сите тие вечери пред заспивање поминати читајќи, разговарајќи со сопругот и со децата и обидувајќи се темите од досегашните книги да ги дополниме со наш печат, но секако и на вечните прашања со кои сите родители се соочуваат: кои вредности сакаме да им ги пренесеме на нашите деца, кои особини би сакале да ги поттикнуваме и да ги негуваме, и како да се справуваме со различните предизвици својствени за секоја доба.

*„Колку ме сакаш, мамо?“ е прашање што речиси секое дете го поставило. Зошто мислите дека децата имаат потреба повторно и повторно да го слушаат одговорот?

- Иако секое дете сигурно си го поставува ова прашање во себе, не сум сигурна колку често децата директно прашуваат.  Знам дека моите деца ме прашале поттикнати од книгите што сме ги читале (Good Night Moon, Guess How Much I Love You, You Are My Sunshine).  И ако овие книги ни го дадоа почетокот, тогаш нашите релации и чувства го испеаја продолжетокот, кој во еден дел е сместен токму во книгата „Колку ме сакаш, мамо?“. Toa прашање било и ќе биде поставено од безброј луѓе, но ако одговорот е секогаш ист, како по калап, тогаш тоа не е вистинскиот одговор. Бидејќи секое едно дете и секоја  релација родител-дете е единствена и неповторлива, одговорот никогаш не може да биде универзален. Замислете си одговорот на прашањето „Колку ме сакаш?“, да биде „Многу!“. Ако секој родител и дете, па и секој човек, не го постават тоа прашање, одговорите нема да бидат ниту вистински ниту задоволителни зашто суштината на одговорот целосно зависи од главните ликови во тој однос. Да не го прифаќаме концептот на точен одговор и не да не го поставуваме одново и одново истото прашање, туку и да бараме како љубовта од зборови преминува во љубов од дела.

* Во книгата љубовта ја споредувате со капките дожд, со есенските лисја и со птиците на небото. Како ги избравте токму овие слики за да ја опишете бескрајната мајчинска љубов?

- Овие слики се избраа сами од себе од разиграниот животен опит, но и од она што сме го посведочиле, а нѐ восхитило. Сликите сме ние низ годините обидувајќи се да ги сретнеме децата во нивниот восхит и да се потсетиме што значи да го откриваме светот одново секој ден. Секоја од овие слики е слика на сите мајки и деца пред и по нас. Некои сме ги искусиле, а некои допрва ќе ги искусиме. Сликата со летањето и авиончето е најскапоцениот спомен од мајка ми која ме леташе во соба на нашиот кревет, ставајќи ме со стомакот на нејзините стопала и држејќи ме за двете раце. Капките дожд се како картонска кутија или, пак, целофанска кеса: без оглед колку интересен подарок кријат, кутијата или кесата се секогаш неисцрпна инспирација за детската игра. Чизмичките во барите се слика од сите мајки што се имаат охрабрено да ги пуштат децата да ја вкусат радоста на животот сетилно. Птиците на небото се слика за сите нас кои сме го застанале времето лежејќи спрострени на земја (па и дури во месеци што имаат „р“), чекајќи нешто да нѐ израдува или пак тихувајќи со природата. Всушност, сликите се дејствата преку кои ја искажуваме нашата љубов.

* Како течеше соработката со илустраторката Рената Јосифовска? Дали илустрациите се совпаднаа со сликите што ги имавте во глава додека ја пишувавте приказната?

- Средбата со Рената беше топла и непосредна, какви што се и нејзините илустрации. Се сретнавме токму каде што зборовите се прелеваат во илустрации. Јас немав целосно оформени слики во главата, но таа успеа на моите идеи да им даде форма која совршено се вклопи со мојата замисла.

* Како реагираа вашите деца кога првпат им ја прочитавте сликовницата?

- Со години наназад децата ме гледаат како пишувам, па потоа ме слушаат како им читам, како им препрочитувам, за на крајот, и самите да си ги (пре)раскажуваат тие приказни, така што не можам да кажам дека беа изненадени кога им ја прочитав сликовницата. Но, кога за првпат ја видоа, беа изненадени и трогнати од илустрациите на Рената и секако од материјалното руво во кое влезе приказната. Исклучително се гордеат со првата сликовница на мама, а јас се надевам тоа ќе им биде поттик да не престанат да го живеат животот творечки.

* Што би сакале едно дете да почувствува кога ќе ја прочита книгата, а што мама додека му ја чита? Која е пораката на книгата?

-Да нѐ поттикне да не престануваме да прашуваме. Животот и искуството ги потиснува нашите најприродни пориви, љубопитноста и восхитот, па целиот живот се обидуваме да се вратиме во таа состојба. Впрочем и со вашето прашање за целта одново се поставува ова прашање, иако навидум прозаично и досадно, создаде можност за инаков одговор и разговор. Посакувам секое дете да го постави ова прашање пред заспивање кога е ушушкано во сигурноста и во топлината на прегратките, и посакувам секоја мама, тато, баба, дедо, дада, бато да излезат од приказната за да си ја слушнат душата и да одговорат по неа, зашто само тогаш одговорот ќе го прегрне детето.

* По „Колку ме сакаш, мамо?“, дали веќе се раѓа некоја нова приказна? Кон што би сакале да ги поведете вашите најмали читатели во некоја следна книга?

- Да, веќе имам план ова прашање да биде проследено со уште едно прашање, кое се надевам ќе ги поведе најмалите читатели на интересни и на корисни патувања во и надвор од себе, а на родителите ќе им овозможи нови теми за разговор. Огромна благодарност и до Бранка Бугариска, која исто така остави свој печат во оваа сликовница со своето стручно и креативно водење/ уредничка визија.


Сликовницата „Колку ме сакаш, мамо?“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 220 МКД
3,56 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

20.
Sep.
Интервјуа
Софија Петрова-Стојков е страствен читател, сопственик на три мини библиотеки и на повеќе од 850 книги, љубител на Господинов, на Шлинк, на Бакман, на Јалом,...
13.
Sep.
Интервјуа
За Виолета Ефтимова, читањето е можност да влезе во други светови, да ги набљудува животите и постапките на книжевните ликови и во нив да препознае дело...
26.
Aug.
Интервјуа
Романот „Кривата Дијана“, продолжи да го наоѓа својот пат до читателите, а неговата авторка во изминатата година повторно се сретна со нив &ndash...
22.
Aug.
Интервјуа
За авторката и новинарка Биљана Стојановска, приказните, покрај забава и игра, се и моќна воспитна алатка. Токму преку инспиративната приказна за сочувството...
12.
Aug.
Интервјуа
„Понекогаш се враќаат“ е книга за она што никогаш вистински не си заминало. Дурацовски не ја нарекува својата книга автобиографија.
05.
Aug.
Интервјуа
Во приказните на етаблираниот и наградуван писател за деца и за возрасни, Ванчо Полазаревски, смеата не е само забава – таа е начин најмладите да погле...
23.
Jul.
Интервјуа
За Гоце Делчев се напишани многу историски книги, студии и биографии во кои се претставени неговото дело, идеалите и револуционерниот пат. Но, без амбиција д...
17.
Jul.
Интервјуа
Во најновиот трилер „Луѓе-сенки“ на авторот и новинар Сашо Кузмановски се заокружува трилогијата за инспекторот Џовани. Романот, во издание на &b...
08.
Jul.
Интервјуа
Популарниот и повеќекратно наградуван серијал за малата вампир-самовила Исидора Мун, препознатлив по својот уникатен розово-црн визуелен свет, ги освои срцат...
01.
Jul.
Интервјуа
Во новата поетска збирка „Длабок простор“ на Зоран Анчевски, просторот не е само вселенска бесконечност, туку и нешто што се отвора во секојдневи...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.26 MB