Филм

Вториот филм инспириран од книгите за Енола Холмс премиерно на Нетфликс

02.11.2022.
<strong>Вториот филм инспириран од книгите за Енола Холмс премиерно на Нетфликс</strong>

Вториот филм инспириран од книгите за тинејџерката-детектив Енола Холмс наскоро ќе биде достапен на популарниот стриминг-сервис „Нетфликс“. Премиерата на „Енола Холмс 2“, со Мили Боби Браун во главната улога, премиерно ќе може да се погледне на четврти ноември. Филмот е во режија на Хари Бредбир, а сценариото на Џек Торн. Покрај харизматичната Мили Боби Браун, во другите главни улоги се јавуваат: Хенри Кавил, Хелена Бонам Картер и други.

Судејќи според гледаноста на првиот филм (90% позитивни оценки од критиката на „Ротен томејтоуз“), кој беше објавен во 2020 година, се очекува и вториот дел да биде мегахит на „Нетфликс“. Филмовите се базирани на бестселер-романите од авторката Ненси Спрингер за авантурите помалата сестра на познатиот детектив Шерлок Холмс.

Книжевниот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На полиците на книжарниците „Литература.мк“ веќе се достапни првите четири книги од серијалот: „Исчезнатиот маркиз“, „Левораката дама“, „Бизарните букети“ и „Необичното розово ладало“.

Досега, во периодот од 2006 до 2010 година, во Англија се објавени вкупно шест продолженија на серијалот. Романите се совршени за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистериите. Главната протагонистка на книгите и филмовите е 14-годишната Енола Холмс, екстремно интелигентна тинејџерка-детектив.

„Исчезнатиот маркиз“ е првата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“. Кога Енола ќе открие дека мајка ѝ е исчезната, таа веднаш тргнува во Лондон да ја бара. Но, дали е спремна за сè што ја очекува во големиот град? Таа бргу се замешува во киднапирањето на еден млад маркиз, истовремено е во бегство од опасни криминалци и од сопствените браќа – кои сакаат од неа да направат дама – а покрај тоа, се обидува да ги протолкува трагите што ќе ѝ го објаснат чудното исчезнување на мајка ѝ. Дали Енола ќе се справи со сите овие предизвици?

Во втората книга од серијалот, „Левораката дама“, Енола Холмс е во бегство! Зад петиците ѝ е, ни помалку ни повеќе, нејзиниот постар брат Шерлок Холмс. Сепак, додека се обидува да му се измолкне на легендарниот детектив – во најголемиот, најмрачниот и највалканиот град на светот – таа ги открива неочекуваните цртежи на леди Сесили, што ѝ оставаат силен впечаток. Но, леди Сесили е исчезната без трага. Храбро трагајќи по левораката дама низ темните улици на Лондон, Енола ризикува повеќе од што треба. Ги ризикува сопствениот идентитет и сопствениот живот, во случај многу покомплексен од обично исчезнување на една леворака дама.

Во „Бизарните букети“ д-р Џејмс Вотсон е исчезнат: Лондон е во шок, а дури и неговиот најдобар пријател и соработник, познатиот детектив Шерлок Холмс, нема ни најмала трага. Случајот, навидум, изгледа беспомошно заглавен. Сепак, еден детаљ го привлекува вниманието на Енола, најмладиот член на семејството Холмс – бизарен букет испратен во домот на д-р Вотсон, што само таа забележува, означува смрт. Енола мора колку што е можно побргу да го пронајде и да го спаси д-р Вотсон, а во исто време да остане скриена од своите постари браќа, кои постојано ја бараат.

Во „Необичното розово ладало“ Енола е во шок откако добива очајна, но скриена порака од својата познајничка леди Сесили: мора да ѝ помогне, ама не знае како. Овој комплициран случај – во чијшто центар се наоѓа едно необично, розово ладало – ја принудува Енола да истражува низ целиот Лондон, за да сфати конечно: леди Сесили е заробеничка! За случајот, исто така, заинтересиран е и нејзиниот постар брат, Шерлок. Дали Енола може да му верува? И дали може да ја спаси Сесили навреме?

Романите за Енола Холмс се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

https://bit.ly/3xLcMbM

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Филм
Приказната за Мери Попинс е едно од најшармантните и најволшебни дела во детската литература.
27.
Mar.
Филм
Романот „Драг Едвард“ од Ен Наполитано, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“, е едно од оние дела...
08.
Mar.
Филм
Постојат приказни што со векови тивко чекаат некој да им го даде гласот што го заслужуваат. „Хамнет“ од Меги О’Ферел е токму таква приказна...
01.
Mar.
Филм
„Приказната за Десперо“ е повеќе од детска бајка. Таа отвора теми за прифаќањето на различностите, храброста да се биде свој и моќта на емпатијат...
22.
Feb.
Филм
Еден од најголемите книжевни класици, кој оставил трајно влијание во светската литература, е безвременскиот роман Гордост и предрасуда од Џејн Остин.
15.
Feb.
Филм
Во 2026 година се одбележуваат 25 години од почетокот на филмската франшиза за „Хари Потер и каменот на мудроста“, која во 2001 година ја донесе ...
08.
Feb.
Филм
Култниот роман на Вилијам Голдинг од 1954 година, „Господарот на мувите“, доби нова и моќна телевизиска адаптација.
31.
Jan.
Филм
Во анимираниот филм „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо, овој класичен лик добива сосема нова, подлабока и помрачна димензија.
25.
Jan.
Филм
Ако барате нежна, магична и поучна серија за деца – инспирирана од омилените детски книги - „Исидора Мун прави зимска магија“ е вистинскиот...
18.
Jan.
Филм
Романот „Хамнет“ е едно од најнаградуваните книжевни дела во последните години – светски бестселер, добитник на престижни награди. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.15 MB