Филм

Препорака за серија според книга: Нова подморска авантура со капетан Немо и Наутилус

26.10.2025.
Препорака за серија според книга: Нова подморска авантура со капетан Немо и Наутилус
Препорака за серија според книга: Нова подморска авантура со капетан Немо и Наутилус

Приказната од култниот роман „Дваесет илјади милји под морето“ од Жил Верн е инспирација за новата авантуристичка телевизиска драма во десет епизоди, создадена од Џејмс Дормер – „Наутилус“.

Серијата претставува ново осмислување на романот од 1870 година, прикажувајќи ја приказната за потеклото на капетан Немо – индиски принц кој станува научник и борец за правда.

Дејството во серијата се одвива пред настаните во класикот на Жил Верн. Годината е 1857, кога британската Источноиндиска трговска компанија поседува поголема моќ од која било држава во светот – благодарејќи на своите приватни армии и флота, додека ги ограбува богатствата на покорените народи.

Во Калпани, Индија, компанијата тајно гради огромен подморски брод – Наутилус, користејќи робовска работна сила од колонијалниот затвор.

Иако првично бил замислен како истражувачки брод за подводна навигација, компанијата планира да го вооружи и да го претвори во нов тип на воен брод. Еден од затворениците што го гради Наутилус е Немо, кој воедно ги има дизајнирано неговите мотори. Но, тој во тајност подготвува востание со намера да го преземе бродот и да избега.

Кога дознава дека Наутилус ќе отплови за Бомбај неколку дена порано од планираното, Немо и неговите следбеници успеваат да го заземат бродот и да побегнат во морето. Сега, прогонувани од Источноиндиската компанија и нејзиниот осветољубив директор Кроули, кои сакаат да го вратат бродот и да го убијат Немо, капетанот и неговиот шаренолик екипаж пловат под морските длабочини во мисија на одмазда – решени засекогаш да ја уништат моќта на компанијата... и самата компанија.

Серијата нуди нова перспектива на потеклото на капетан Немо, прикажувајќи го не само како мистериозен морепловец туку и како човек со минато, идеали и непокорлив дух.

Во улогата на капетан Немо се појавува Шазад Латиф, додека во преостанатите улоги настапуваат Џорџија Флад, Тјери Фремон, Камерон Каф и други.

Премиерата се одржа на 25 октомври 2024 година во Обединетото Кралство и Ирска.

 За целосно доживување на приказната, прочитајте го оригиналниот роман „Дваесет илјади милји под морето“ од Жил Верн – достапен во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина публикации“.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
31.
Oct.
Филм
„Тивкиот Американец“ од Греам Грин  е двослоен роман. Може да се чита како романса, но и како политичка драма.
25.
Oct.
Филм
„Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е лектира за ...
18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.09 MB