Филм

„Случајот Винча“ од Горан Милашиновиќ — инспирација за филмот „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ

09.11.2025.
„Случајот Винча“ од Горан Милашиновиќ — инспирација за филмот „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ
„Случајот Винча“ од Горан Милашиновиќ — инспирација за филмот „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ

Овој викенд ви препорачуваме филм што предизвикува возбуда и восхит, но и длабоко размислување за човечката храброст, науката и моралните дилеми. Филмот „Чувари на формулата“, во режија на Драган Бјелогрлиќ, е инспириран од вистински настани, опишани во романот „Случајот Винча“ од Горан Милашиновиќ.

Првиот роман за „српскиот Чернобил“, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“, потресна и фасцинантна приказна што ја открива тајната за еден од најчуваните случаи од времето на Студената војна.

15 октомври 1958 година. Попладнево се огласува централниот аларм во Институтот за нуклеарни науки во Винча – откриено е зголемено радиоактивно зрачење. Група млади научници почувствувале мирис на озон додека вршеле експеримент... За кратко време сите се разболуваат од радијациска болест – смртоносна и неизлечива. Единствената надеж е експериментална трансплантација на коскена срцевина, прва од таков вид во светот, што треба да се изврши во Институтот „Кири“ во Париз.

Но, дали ќе се најдат доволно храбри доброволци кои би ги ризикувале сопствените животи за да спасат непознати луѓе?

Меѓу болните и нивните лекари се раѓаат силни емоции – љубов, пријателство, доверба. Во сето тоа, политичките притисоци и тајноста околу случајот ја прават приказната уште поинтензивна.

Авторот Горан Милашиновиќ успеал со неверојатна автентичност да ја раскаже оваа драматична епизода од историјата, која со децении била замолчена.

Филмот „Чувари на формулата“ е српско-македонско-француска копродукција, историски трилер што ја оживува приказната за група југословенски научници изложени на смртоносна доза радијација за време на Студената војна. Во придружба на тајната полиција, тие патуваат во Париз каде што ги лекува професорот Мате, човек кој се спротивставува на нуклеарното оружје и предлага експериментална операција што никогаш не била изведена.

Но, дали неговата намера е вистинска хуманост – или научен експеримент на живи луѓе?

Филмот беше премиерно прикажан на фестивалот во Локарно, каде што освои две престижни награди: Variety Piazza Grande Award и Зелениот леопард.

Во актерската екипа настапуваат Алексис Маненти, Радивој Буквиќ, Мики Манојловиќ, Драган Бјелогрлиќ и други европски актери, а сценариото го потпишуваат Вук Ршумовиќ, Огњен Свиличиќ и Драган Бјелогрлиќ.

Романот „Случајот Винча“ од Горан Милашиновиќ е достапен во книжарниците на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 273 МКД
4,42 EUR
Заштеда 30%
390 МКД

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
31.
Oct.
Филм
„Тивкиот Американец“ од Греам Грин  е двослоен роман. Може да се чита како романса, но и како политичка драма.
25.
Oct.
Филм
„Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е лектира за ...
18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.09 MB