Филм

„Остави го светот зад себе“ – вознемирувачки трилер за крајот на цивилизацијата

19.10.2025.
„Остави го светот зад себе“ – вознемирувачки трилер за крајот на цивилизацијата
„Остави го светот зад себе“ – вознемирувачки трилер за крајот на цивилизацијата

Ако општеството навистина почне целосно да се распаѓа, веројатно никогаш точно не би знаеле како и зошто се распаѓа. Би биле свесни дека нешто не е во ред, но деталите ќе станат нејасни штом телефоните престанат да работат, ако се прекине интернетот и ако на медиумските мрежи настапи мртва тишина. Застрашувачки електронски звуци од небото доцна во ноќта; експлозии во далечина; авиони и чамци што се зариваат во земјата и животни кои се собираат во морничаво големи групи само ќе навестат за хаосот што ќе настапи. Она што го кажуваат преживеаните можеби се контрадикторни гласишта, но како би знаеле дали нешто од тоа е вистина?

Ова е вознемирувачката премиса на филмот „Остави го светот зад себе“, кој може да се погледне на стрим-сервисот „Нетфликс“. Филмот  е во режија на  Сем Есмаил. Базиран е на истоимениот роман од 2020 година на Румаан Алам, кој на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.  Главните улоги во филмот ги толкуваат Џулија Робертс, Махершала Али, Итан Хок, Михала и Кевин Бејкон.

Џулија Робертс (Аманда) и Итан Хок (Клеј) играат брачен пар од Њујорк, кој со своите деца заминуваат на одмор во шума во Лонг Ајленд, токму кога работите почнуваат да се распаѓаат, додека Махершала Али е сопственик на имотот што тие го имаат изнајмено, кој се појавува среде ноќ да побара засолниште во сопствениот дом со својата ќерка.

Тие пристигнуваат во паника, носејќи ја веста дека градот го снашло ненадејно затемнување. А, во оваа рурална област – со исклучени телевизор и интернет, како и без мобилните телефони – тешко е да се знае во што да се верува. Дали Аманда и Клеј треба да им веруваат на дојденците – и обратно? Што ли се случило во Њујорк? Дали викендичката каде што се наоѓаат, изолирана од цивилизацијата, е навистина безбедно место за нивните семејства? И дали се тие безбедни едни од други? Напнат и провокативен, овој роман на Румаан Алам е во силен дослух со сложеноста на темите како што се родителството, расата и класата. „Остави го светот зад себе“ истражува како нашите најблиски врски се преобликуваат – и се создаваат нови и неочекувани – во моменти на криза.

Романот „Остави го светот зад себе“ е достапен во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Филм
Романот „И не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, и денес се смета за еден од најдобрите и најпродавани криминалистички романи на сите вре...
19.
Jul.
Филм
Постојат книги што не завршуваат со последната страница и филмови што продолжуваат да живеат во мислите долго по одјавната шпица. Таков е „Тивкиот Амер...
12.
Jul.
Филм
Вљубениците во детективските авантури и мистериите повторно имаат причина за возбуда – на големото платно се враќа една од најомилените млади детективк...
05.
Jul.
Филм
Шпионските приказни ретко се сведуваат само на тајни мисии и на возбудливи акции. Во делата на Џон ле Каре тие се пред сè приказни за луѓето, за нивни...
10.
May.
Филм
Книжевниот класик „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, објавен во 1943 година, и денес важи за едно од највлијателните дела во светската ли...
05.
Apr.
Филм
Приказната за Мери Попинс е едно од најшармантните и најволшебни дела во детската литература.
27.
Mar.
Филм
Романот „Драг Едвард“ од Ен Наполитано, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“, е едно од оние дела...
08.
Mar.
Филм
Постојат приказни што со векови тивко чекаат некој да им го даде гласот што го заслужуваат. „Хамнет“ од Меги О’Ферел е токму таква приказна...
01.
Mar.
Филм
„Приказната за Десперо“ е повеќе од детска бајка. Таа отвора теми за прифаќањето на различностите, храброста да се биде свој и моќта на емпатијат...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.99 MB