Филм

Препорака за филм според книга: „Петар Пан и Венди“ – Нова филмска авантура во Недојдија

07.12.2025.
Препорака за филм според книга: „Петар Пан и Венди“ – Нова филмска авантура во Недојдија
Препорака за филм според книга: „Петар Пан и Венди“ – Нова филмска авантура во Недојдија

Приказната за Петар Пан е едно од најомилените класични дела што ја одбележале литературата за деца, но и целокупната поп-култура. Палавото момче што одбива да порасне првпат се појавува во романот на шкотскиот писател Џејмс Метју Бари. Оттогаш до денес, овој магичен свет е бескраен извор на инспирација за театар, телевизија, анимација и филм. Во срцето на приказната е момчето што може да лета, живее во мистичната земја Недојдија и постојано ги бара своите авантури: борби со пирати, дружба со Изгубените момчиња, средби со самовилки, Индијанци, сирени и, се разбира, со неговиот заколнат непријател – капетан Кука. Сè почнува кога Петар, барајќи ја својата сенка, слетува во домот на семејството Дарлинг. Таму ги запознава Венди, Џон и Мајкл, им покажува како се лета (со малку самовилска прашина!), а потоа заедно со Ѕвончица ги води во Недојдија – местото каде што детството никогаш не завршува.

Книгата е повеќепати екранизирана, а најновата адаптација – „Петар Пан и Венди“ (2023) – носи свежа перспектива за ова вечно дело.

Филмот, во режија на Дејвид Лаури, претставува нов, визуелно впечатлив и емотивен пристап кон легендарната приказна. Овој наслов е играна адаптација на Дизниевиот анимиран класик од 1953 година, но многу поблиску до духот на оригиналниот роман на Бари. Во главните улоги се: Александер Молоун како Петар Пан, Евер Андерсон како Венди и Џуд Лоу во улогата на капетан Кука.

„Петар Пан и Венди“ е приказна за која сите мислиме дека ја знаеме, но секое ново читање или гледање открива нешто друго: радоста на играта, тагата по минатото, храброста да се порасне и вредноста на фантазијата.

Оваа верзија ја истражува и посериозната страна на ликот на Петар Пан – неговата вечна потреба да остане дете, стравот од растење и комплексноста од борбата со сопствените сенки. Венди, од друга страна, ја носи темата на созревање и храброст, што ја прави оваа адаптација уште поблиска до денешната публика.

Но, пред да го погледнете филмот, ви препорачуваме да ја прочитате книгата „Петар Пан“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина публикации“. Ова дело нуди длабочина и слоевитост што не можат секогаш да бидат доловени на екран. Во него ќе откриете богата симболика за детството, невиното срце и неизбежноста на времето.

Книгата е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 200 МКД
3,24 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
23.
Aug.
Филм
 Меѓу најпознатите книжевни ликови се Том Соер и Хаклбери Фин, создадени од Марк Твен, чии доживувања добија и современа филмска адаптација - „Ава...
09.
Aug.
Филм
„Легенда за сонливата долина“ од Вашингтон Ирвинг и денес се смета за едно од најзначајните дела на американската готска литература, а нејзината ...
26.
Jul.
Филм
Романот „И не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, и денес се смета за еден од најдобрите и најпродавани криминалистички романи на сите вре...
19.
Jul.
Филм
Постојат книги што не завршуваат со последната страница и филмови што продолжуваат да живеат во мислите долго по одјавната шпица. Таков е „Тивкиот Амер...
12.
Jul.
Филм
Вљубениците во детективските авантури и мистериите повторно имаат причина за возбуда – на големото платно се враќа една од најомилените млади детективк...
05.
Jul.
Филм
Шпионските приказни ретко се сведуваат само на тајни мисии и на возбудливи акции. Во делата на Џон ле Каре тие се пред сè приказни за луѓето, за нивни...
10.
May.
Филм
Книжевниот класик „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, објавен во 1943 година, и денес важи за едно од највлијателните дела во светската ли...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.54 MB