Филм

Викенд-препорака: „Тркачот“ – возбудлива филмска адаптација на романот на Стивен Кинг

16.11.2025.
Викенд-препорака: „Тркачот“ – возбудлива филмска адаптација на романот на Стивен Кинг
Викенд-препорака: „Тркачот“ – возбудлива филмска адаптација на романот на Стивен Кинг

Ако сте расположени за акција, возбуда и доза напнатост, овој викенд имаме идеална препорака за вас. Во кино „Синеплекс“ пристигна „Тркачот“, новата филмска адаптација на истоимениот роман на Стивен Кинг – приказна што ќе ве држи во неизвесност до последниот кадар.

Филмот „Тркачот“ е снимен по истоимениот роман на Стивен Кинг, објавен во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Тркачот“ (The Running Man) е научнофантастичен акциски трилер во режија и продукција на Едгар Рајт, според сценарио на Рајт и Мајкл Бекал. Ова е втора адаптација на романот од 1982 година, по филмот од 1987 година.

Во филмот играат Глен Пауел, Вилијам Х. Мејси, Ли Пејс, Мајкл Сера, Емилија Џоунс, Џош Бролин, Колман Доминго и други. Премиерата се одржа на 5 ноември 2025 година во Лондон, а филмот се прикажува во кината од средината на ноември.

„Тркачот“ го следи Бен Ричардс, човек без работа и без надеж. Неговата ќерка е сериозно болна, а тој и неговата сопруга не можат да си дозволат лекарска помош. Единствен излез за човек од сиромашната страна на градот е да се пријави во едно од бруталните телевизиски шоуа на „Мрежата“ – натпреварувања во кои можеш да заработиш богатство или да умреш обидувајќи се.

Бен станува дел од најгледаното шоу „Тркачот“, каде што животот и смртта стануваат забава за масите. Дали ќе успее да го надмудри системот и да преживее?

Во свет во кој забавата и насилството се споени, човек се приклучува на смртоносна игра во која натпреварувачите можат да се движат насекаде низ светот, но постојано се прогонувани од „ловци“ најмени да ги убијат. Само еден може да преживее – и да ја добие наградата.

Книгата „Тркачот“ е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Хорор 009022
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
31.
Oct.
Филм
„Тивкиот Американец“ од Греам Грин  е двослоен роман. Може да се чита како романса, но и како политичка драма.
25.
Oct.
Филм
„Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е лектира за ...
18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.09 MB