Филм

Чудесниот свет на „Алиса во Земјата на чудата“ низ филмската призма на Тим Бартон

23.11.2025.
Чудесниот свет на „Алиса во Земјата на чудата“ низ филмската призма на Тим Бартон
Чудесниот свет на „Алиса во Земјата на чудата“ низ филмската призма на Тим Бартон

Книжевниот класик за деца „Алиса во Земјата на чудата“ од Луис Керол, 160 години по своето прво објавување, продолжува да фасцинира читатели од сите возрасти. Книгата е инспирација за повеќе од 30 филмски и телевизиски адаптации, стотици театарски претстави, безброј илустрирани изданија, сликовници и боенки, а романот одамна е преведен на сите светски јазици — меѓу кои и на македонски — и е дел од основното образование како задолжителна лектирна книга.

За да ја надополните магијата од книгата, идеален избор е филмската адаптација од 2010 година во режија на Тим Бартон. Филмот го отсликува надреалниот дух на приказната и го претвора во визуелно раскошен, фантастичен и малку мрачен свет — препознатлив печат на Бартон. Во филмот блескаат актерски имиња како Џони Деп (Лудиот Шапкар), Миа Васиковска (Алиса), Ен Хатавеј (Белата Кралица), Хелена Бонам Картер (Црвената Кралица) и многу други.

Адаптацијата ја задржува чудесната, нелогична и волшебна основа на приказната, додека визуелните ефекти и сценографијата создаваат вистинско патување низ фантазијата. Одлична е за семејно уживање или филмска вечер што буди носталгија.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт за детска литература „Либи“, ја има објавено „Алиса во земјата на чудата“ на македонски јазик, во едицијата „Лесно читливи лектири“, како и верзијата на англиски јазик Alice’s Adventures in Wonderland, која е дел од категоријата „Детски класици“.

Приказната почнува мирно, додека Алиса дреме покрај реката со сестра ѝ. Кога ќе забележи бел зајак во елек со џебен часовник што панично повторува „О леле! Ќе задоцнам!“, таа решава да тргне по него. Ќе падне во необичен бунар, ќе помине низ мистични ходници и ситни вратички и ќе влезе во неверојатна градина каде што ќе ја пречекаат некои од најпознатите ликови во литературата — Мачорот со насмевка, Лудиот Шапкар, Сината Гасеница и многу други.

Создавањето на приказната е тесно поврзано со пријателството на Луис Карол со семејството Лидел. Во 1856 година Хенри Лидел станал декан на колеџот „Кајст Чрч“, а Карол се зближил со неговата сопруга и со нивните ќерки Лорина, Едит и Алис. Честите излети и заедничките веслачки прошетки ја разгореле инспирацијата за приказната што подоцна ќе стане негов најголем успех.

 

Иако долго се верувало дека ликот на Алиса е создаден според Алис Лидел, Карол подоцна го демантирал тоа. Токму на еден таков излет, во 1862 година, Карол првпат ја раскажал приказната, а по молбите на малата Алис, во 1864 година ѝ го подарил рачно напишаниот ракопис „Авантурите на Алиса под земја“. Само една година подоцна, во 1865 година, книгата конечно е објавена под наслов „Алиса во Земјата на чудата“ и веднаш доживува огромен успех.

Популарноста била толку голема, што околу авторот се исплетени многу анегдоти. Една од најпознатите — иако подоцна демантирана — вели дека кралицата Викторија барала следната книга да ѝ биде посветена, а Карол наводно ѝ посветил математичка студија. Во 1871 година тој го објавува продолжението „Низ огледалото и што Алиса пронајде таму“, мрачно и продлабочено дело создадено во период на лични загуби.

Книгите се достапни во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Филм
Филмот „Тркачот“ е снимен по истоимениот роман на Стивен Кинг, објавен во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – п...
09.
Nov.
Филм
Филмот „Чувари на формулата“, во режија на Драган Бјелогрлиќ, е инспириран од вистински настани, опишани во романот „Случајот Винча“ ...
02.
Nov.
Филм
Овој викенд ви препорачуваме да го погледнете филмот на Грета Гервиг од 2019 година. Последната филмска адаптација на романот е со извонредна актерска екипа....
26.
Oct.
Филм
Приказната од култниот роман „Дваесет илјади милји под морето“ од Жил Верн е инспирација за новата авантуристичка телевизиска драма во десет епиз...
19.
Oct.
Филм
Ако општеството навистина почне целосно да се распаѓа, веројатно никогаш точно не би знаеле како и зошто се распаѓа.
12.
Oct.
Филм
Агата Кристи е синоним за мистерија, интелигентни заплети и неочекувани крајни решенија. Еден од нејзините најпознати романи, „Убиство во Ориент експре...
28.
Sep.
Филм
Романот Кери е првото објавено дело на Стивен Кинг, со кое тој влезе во историјата на хорор-литературата. Веднаш по објавувањето, книгата стана бестселер, со...
07.
Sep.
Филм
Британската криминалистичка серија „Шерлок“, инспирирана од безвременските приказни за Шерлок Холмс на сер Артур Конан Дојл е нашата препорака за...
31.
Aug.
Филм
Малку книжевни класици имаат толкава магија и долговечност како „Тајната градина“ од британската авторка Франсес Хоџсон Барнет.
24.
Aug.
Филм
Филмот Маестро“ е инспириран од биографијата „Леонард Бернштајн“ од Хемфри Бартон во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.23 MB