Филм

„Енола Холмс 3“- Најличната и најопасна истрага досега на сестрата на Шерлок

12.07.2026.
„Енола Холмс 3“- Најличната и најопасна истрага досега на сестрата на Шерлок
„Енола Холмс 3“- Најличната и најопасна истрага досега на сестрата на Шерлок

Вљубениците во детективските авантури и мистериите повторно имаат причина за возбуда – на големото платно се враќа една од најомилените млади детективки. По успехот на филмовите „Енола Холмс 1“ (2020) и „Енола Холмс 2“ (2022), најновото продолжение – „Енола Холмс 3“ пристигна на популарниот стриминг сервис „Нетфликс“.

Приказната повторно ја следи Енола Холмс, најмладата од семејство Холмс, која одамна излезе од сенката на својот брат Шерлок и изгради сопствен пат како брилијантна, храбра и снаодлива детективка. Во главната улога повторно ги гледаме: Мили Боби Браун како Енола Холмс, Хенри Кавил како Шерлок Холмс, а во споредните улоги се појавуваат: Хелена Бонам Картер, Химеш Пател и Шерон Данкан-Брустер. Режијата е на Филип Барантини, додека сценариото го потпишува Џек Торн.

Во ова продолжение, Енола се соочува со досега најличниот и најопасен предизвик. Подготовките за нејзината претстојна венчавка со лорд Тјуксбери се прекинати кога Шерлок Холмс е киднапиран. Истрагата ја води кон Малта, каде што личните дилеми и семејните врски се испреплетуваат со сложена мистерија што бара врвна логика, храброст и интуиција.

Филмската франшиза, инспирирана од книжевниот серијал на Ненси Спрингер, продолжува да го проширува светот на Енола Холмс, комбинирајќи мистерија, акција и силен женски лик кој инспирира нови генерации.

Книжевниот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ на македонски јазик е објавен во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Серијалот ги опфаќа книгите: „Исчезнатиот маркиз“, „Левораката дама“, „Бизарните букети“, „Необичното розово ладало“, „Шифрираната кринолина“ и „Циганското збогување“, кои се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн.

И книгите и филмовите претставуваат вистинско уживање за сите љубители на светот на Шерлок Холмс, на класичните детективски мистерии, како и на силни и интелигентни хероини што со доследност ги следат сопствената логика, интуицијата и сопствениот пат.

Романите за Енола Холмс се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 280 МКД
4,53 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 280 МКД
4,53 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 280 МКД
4,53 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 280 МКД
4,53 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 280 МКД
4,53 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
23.
Aug.
Филм
 Меѓу најпознатите книжевни ликови се Том Соер и Хаклбери Фин, создадени од Марк Твен, чии доживувања добија и современа филмска адаптација - „Ава...
09.
Aug.
Филм
„Легенда за сонливата долина“ од Вашингтон Ирвинг и денес се смета за едно од најзначајните дела на американската готска литература, а нејзината ...
26.
Jul.
Филм
Романот „И не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, и денес се смета за еден од најдобрите и најпродавани криминалистички романи на сите вре...
19.
Jul.
Филм
Постојат книги што не завршуваат со последната страница и филмови што продолжуваат да живеат во мислите долго по одјавната шпица. Таков е „Тивкиот Амер...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.95 MB