Филм

„Баскервилскиот пес“ – случајот што го однесе Холмс во Дартмур

04.10.2026.
„Баскервилскиот пес“ – случајот што го однесе Холмс во Дартмур
„Баскервилскиот пес“ – случајот што го однесе Холмс во Дартмур

Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес“ од Артур Конан Дојл е роман што не треба да го пропуштите. Една од најпознатите приказни за Шерлок Холмс  е токму оваа, во која легендата за страшен пес се испреплетува со мистериозна смрт, со семејно проклетство и со истрага што води до едно од најнеобичните места во книжевниот свет - Дартмур. Приказната подоцна доби и повеќе филмски и телевизиски адаптации, меѓу кои е и британскиот телевизиски филм од 2002 година.

Првпат објавен во продолженија во 1901 и 1902 година, „Баскервилскиот пес“ е третиот роман за Шерлок Холмс. Во центарот на приказната е мистериозната смрт на Сер Чарлс Баскервил, по која повторно оживува старата семејна легенда за огромен, ѓаволски пес кој со генерации ги прогонува Баскервилови. Кога новиот наследник, Сер Хенри Баскервил, пристигнува за да го преземе имотот, со него пристигнуваат и предупредувањата дека семејното проклетство можеби не е само приказна.

За да ја откријат вистината и да го заштитат Сер Хенри, Шерлок Холмс и д-р Вотсон се вклучуваат во истрагата. Нивниот пат ги носи во Дартмур, каде што пустелијата, маглата, изолираните места и стариот имот создаваат атмосфера во која секој звук може да биде знак за опасност. Додека Холмс ги следи трагите, приказната постојано го поставува прашањето: дали зад стравот навистина стои нешто натприродно или легендата е само совршена маска за човечка измама?

Артур Конан Дојл во романот ја спојува класичната детективска истрага со елементи на хорор, создавајќи приказна во која границата меѓу рационалното и необјаснивото постојано се поместува. Токму комбинацијата од мистеријата, од готската атмосфера и од истрагата на Холмс го прави „Баскервилскиот пес“ еден од најпрепознатливите романи од серијалот.

Книгата „Баскервилскиот пес“, објавена од „Арс Ламина“ во 2023 година, ја доби наградата за најдобра корица на наградите на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ). Признанието беше доделено за илустрацијата и за дизајнот на корицата, изработени од Александра Софрониеска.

Приказната за Баскервилови беше пренесена и на малите екрани со британскиот телевизиски филм „The Hound of the Baskervilles“ од 2002 година, во режија на Дејвид Атвуд, со сценарио на Алан Кубит, кој го адаптирал романот на Артур Конан Дојл. Филмот беше прикажан на Би-би-се оне  во 2002 година. Во улогата на Шерлок Холмс е Ричард Роксбург, додека Ијан Харт го толкува д-р Вотсон. Во актерската екипа се и: Ричард Е. Грант како Џек Степлтон, Мет Деј како Сер Хенри Баскервил и Џон Нетлс како д-р Џејмс Мортимер.

Филмската адаптација ја следи основата на романот ‒ смртта на Сер Чарлс, легендата за страшниот пес и истрагата на Холмс и на Вотсон во Дартмур. Сепак, за потребите на филмскиот формат, одредени детали, ликови и настани се изменети, изоставени или дополнети. Она што во романот читателот го замислува низ описите на Дојл, во филмот добива конкретна визуелна форма - од пејзажите на Дартмур до стариот имот и сенката на легендарниот пес.

И книгата и филмот ја задржуваат основната привлечност на приказната ‒ постепеното откривање на трагите и постојаното прашање дали она од кое сите се плашат навистина постои. Романот остава простор сами да го замислите светот на Баскервилови и заедно со Холмс да ја откриете мистеријата, додека филмот нуди своја визуелна интерпретација на истата приказна.

За љубителите на Шерлок Холмс, на класичните детективски приказни и на мистериите со мрачна атмосфера, „Баскервилскиот пес“ е наслов што може да се доживее и низ страниците и на екранот. Ако прво ја прочитате книгата, ќе можете сами да ги следите трагите и да го замислите Дартмур, а потоа да погледнете како истата мистерија е претставена во филмската адаптација.

Книгата „Баскервилскиот пес“ од Артур Конан Дојл, во издание на „Арс Ламина“, е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
23.
Aug.
Филм
 Меѓу најпознатите книжевни ликови се Том Соер и Хаклбери Фин, создадени од Марк Твен, чии доживувања добија и современа филмска адаптација - „Ава...
09.
Aug.
Филм
„Легенда за сонливата долина“ од Вашингтон Ирвинг и денес се смета за едно од најзначајните дела на американската готска литература, а нејзината ...
26.
Jul.
Филм
Романот „И не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, и денес се смета за еден од најдобрите и најпродавани криминалистички романи на сите вре...
19.
Jul.
Филм
Постојат книги што не завршуваат со последната страница и филмови што продолжуваат да живеат во мислите долго по одјавната шпица. Таков е „Тивкиот Амер...
12.
Jul.
Филм
Вљубениците во детективските авантури и мистериите повторно имаат причина за возбуда – на големото платно се враќа една од најомилените млади детективк...
05.
Jul.
Филм
Шпионските приказни ретко се сведуваат само на тајни мисии и на возбудливи акции. Во делата на Џон ле Каре тие се пред сè приказни за луѓето, за нивни...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 46.4 MB