Филм

Современо ТВ-читање на „Кери“ од Стивен Кинг: соочување со хоророт на врсничкото насилство и со осаменоста

18.10.2026.
Современо ТВ-читање на „Кери“ од Стивен Кинг: соочување со хоророт на врсничкото насилство и со осаменоста
Современо ТВ-читање на „Кери“ од Стивен Кинг: соочување со хоророт на врсничкото насилство и со осаменоста

Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат како ТВ-серија во режија на Мајк Фланаган. Препораката за вас, пред да ја погледнете серијата, е да ја прочитате книгата „Кери“, која е достапна на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

На 7 октомври 2026 година, на Amazon Prime Video премиерно беше прикажана новата мини-серија „Кери“, развиена од Мајк Фланаган, кој е познат по своите современи интерпретации на хорор-класиците. Серијата е заснована на истоимениот роман на Стивен Кинг од 1974 година и претставува ново читање на приказната за осамената тинејџерка, за нејзината изолираност, за малтретирањето во училиштето и за моќта што постепено се буди во неа. Во главната улога е Самер Х. Хауел како Кери Вајт, додека Саманта Слојан ја игра нејзината мајка Маргарет. Во актерската екипа се и: Сиена Агудонг, Алисон Торнтон, Џоел Оулет, Џози Тотах, Артур Конти, Талија Дудек, Амбер Мидтаундер и Метју Лилард.

Новата серија не се обидува да го преслика познатиот филм на Брајан де Палма од 1976 година. Наместо тоа, приказната го проширува и подетално се задржува на ликовите, на нивните односи и на причините што ги водат кон трагичните настани.

Кери е тивка, повлечена девојка, која сиот живот го поминала во изолација под строгата контрола на нејзината мајка. По смртта на нејзиниот татко, таа за првпат мора да се соочи со светот надвор од домот и да тргне во средно училиште. Но, наместо нов почеток, училиштето носи нови понижувања. И токму тука приказната добива особено современа димензија. Во новата серија, познатите облици на врсничко насилство се пресликуваат во дигиталната ера. Телефоните, социјалните мрежи и можноста едно понижување за неколку секунди да стане јавно ја прават приказната за Кери уште поблиска до денешната публика. Она што во романот и во филмот било суровост ограничена на училишниот двор, денес може да продолжи и откако ученикот ќе се врати дома.

Една од најинтересните работи во приказната на Кинг е тоа што Кери не е едноставно „чудовиштето“ на приказната. Таа е девојка што долго време е жртва на околностите, на семејната изолација и на врсничкото насилство. Нејзината телекинетичка моќ е натприродниот елемент на приказната, но вистинскиот ужас во „Кери“ отсекогаш бил многу пореален.

„Кери“ е првиот објавен роман на Стивен Кинг. Објавен е во 1974 година и веднаш привлече огромно внимание, а Кинг го постави на мапата на современата хорор-литература. Само две години подоцна, приказната доби филмска адаптација во режија на Брајан де Палма, со Сиси Спејсек во главната улога. Филмот од 1976 година, со текот на времето прерасна во култен хорор-класик и стана една од најпрепознатливите екранизации на делото на Стивен Кинг. Следуваа и други адаптации – телевизиски и филмски – меѓу кои и современиот римејк од 2013 година во режија на Кимберли Пирс. Приказната доби и сценска адаптација на Бродвеј.

Читањето на романот пред или по гледањето на серијата нуди две различни перспективи на истата приказна: онаа што ја замислил Стивен Кинг и онаа што современата телевизиска адаптација ја гради повеќе од 50 години подоцна. За љубителите на хорор и на трилери, „Кери“ е приказна во која натприродното се среќава со многу реални теми – врсничкото насилство, осаменоста, семејната контрола, потребата за прифаќање и последиците од суровоста.

Ако веќе сте го гледале култниот филм од 1976 година, новата серија е уште една причина да ѝ се вратите на Кери – овојпат со современо ТВ-читање на приказната што започна сè.

Книгата „Кери“ на македонски јазик е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
23.
Aug.
Филм
 Меѓу најпознатите книжевни ликови се Том Соер и Хаклбери Фин, создадени од Марк Твен, чии доживувања добија и современа филмска адаптација - „Ава...
09.
Aug.
Филм
„Легенда за сонливата долина“ од Вашингтон Ирвинг и денес се смета за едно од најзначајните дела на американската готска литература, а нејзината ...
26.
Jul.
Филм
Романот „И не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, и денес се смета за еден од најдобрите и најпродавани криминалистички романи на сите вре...
19.
Jul.
Филм
Постојат книги што не завршуваат со последната страница и филмови што продолжуваат да живеат во мислите долго по одјавната шпица. Таков е „Тивкиот Амер...
12.
Jul.
Филм
Вљубениците во детективските авантури и мистериите повторно имаат причина за возбуда – на големото платно се враќа една од најомилените млади детективк...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 24.05 MB