Филм

„Тивкиот Американец“ - приказна за љубовта, за политиката и за моралните дилеми

19.07.2026.
„Тивкиот Американец“ - приказна за љубовта, за политиката и за моралните дилеми
„Тивкиот Американец“ - приказна за љубовта, за политиката и за моралните дилеми

Постојат книги што не завршуваат со последната страница и филмови што продолжуваат да живеат во мислите долго по одјавната шпица. Таков е „Тивкиот Американец“ од Греам Грин и неговата истоимена филмска адаптација од 2002 година, во режија на Филип Нојс.

Првпат објавен во 1955 година, романот се смета за едно од најзначајните дела на Греам Грин и за исклучително книжевно сведоштво за политичките и за моралните последици од странските интервенции.

„Никогаш не сум познавал човек кој имал подобри мотиви за сите проблеми што ги предизвикал“ , забележува нараторот Фаулер за Олден Пајл, т.н. тивок Американец и еден од најсложените и најконтроверзни ликови во творештвото на Греам Грин.

Пајл е млад идеалист, испратен од Вашингтон на тајна мисија во Сајгон, во време кога француската армија се соочува со герилците од Виет Мин. Но, неговите добронамерни намери и политички убедувања водат кон трагични последици и крвопролевање. Фаулер, искусен и циничен британски новинар, сè потешко успева да остане само набљудувач. Неговата позиција дополнително се усложнува кога Пајл ја освојува наклонетоста на неговата прекрасна љубовница, Виетнамката Фуонг.

Првпат објавен во 1955 година и екранизиран двапати, „Тивкиот Американец“ останува впечатлив портрет на судирот меѓу идеализмот и реалноста, како и силна приказна за љубовта, за моралот и за личната одговорност.

Филмската адаптација од 2002 година му останува верна на духот на романот и на суптилен начин ги пренесува неговите клучни теми - политичката вмешаност, судирот меѓу идеалите и одговорноста на поединецот. Во главните улоги настапуваат: Мајкл Кејн, Брендoн Фрејзер и До Ти Хаи Јен. Oсобено впечатлива е изведбата на Мајкл Кејн како новинарот Томас Фаулер, за која беше номиниран за „Оскар“ за најдобар актер.

За разлика од филмската верзија од 1958 година, која значително се оддалечила од романот, филмот на Филип Нојс ѝ останува доследен на визијата на Греам Грин, прикажувајќи ги сложеноста на политичките игри и трагичните последици од добронамерните, но погрешни одлуки.

„Тивкиот Американец“ е книга што не се сведува само на политички заплет или на љубовна приказна. Таа на јасен начин прикажува како добрите намери можат да доведат до тешки последици и како личните избори често се судираат со поголемите политички игри.

За сите што сакаат книги и филмови што отвораат важни теми, „Тивкиот Американец“ е дело што вреди и да се прочита и да се погледне. Ова е  пример кога и книгата и филмот на ист начин силно ја раскажуваат истата приказна.

Книгата е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку http://www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
23.
Aug.
Филм
 Меѓу најпознатите книжевни ликови се Том Соер и Хаклбери Фин, создадени од Марк Твен, чии доживувања добија и современа филмска адаптација - „Ава...
09.
Aug.
Филм
„Легенда за сонливата долина“ од Вашингтон Ирвинг и денес се смета за едно од најзначајните дела на американската готска литература, а нејзината ...
26.
Jul.
Филм
Романот „И не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, и денес се смета за еден од најдобрите и најпродавани криминалистички романи на сите вре...
12.
Jul.
Филм
Вљубениците во детективските авантури и мистериите повторно имаат причина за возбуда – на големото платно се враќа една од најомилените млади детективк...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.51 MB