Ново

НАСКОРО: „Том Лејк“ од Ен Пачет – топла и емотивна приказна за семејството, љубовта и созревањето

01.07.2024.
НАСКОРО:  „Том Лејк“ од Ен Пачет – топла и емотивна приказна за семејството, љубовта и созревањето
НАСКОРО:  „Том Лејк“ од Ен Пачет – топла и емотивна приказна за семејството, љубовта и созревањето

Една од најочекуваните книги оваа година, „Том Лејк“, од авторката на „Холандската куќа“, Ен Пачет, наскоро ќе излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот дебитираше на првото место на листата бестселери на фикцијата на „Њујорк тајмс“ и се најде во топ изборот на клубот на читатели на Рис Витерспун, а добива и позитивни рецензии од сите релевантни медиуми. И тоа со добра причина! Станува збор за прекрасна, топла и емотивна приказна за семејството, за љубовта и за созревањето, со која Ен Пачет уште еднаш докажува дека е една од најдобрите американски писателки.

Дејството е сместено во пролетта 2020 година, во време на пандемијата со КОВИД-19. Трите ќерки на Лара се враќаат во семејниот овоштарник во северен Мичиген. Додека собираат вишни, тие ја молат мајка им да им ја раскаже приказната за Питер Дјук, познат актер со кого таа пред многу години ја делела сцената и била во страсна врска додека биле ангажирани во театарската компанија наречена „Том Лејк“. Додека Лара се присетува на минатото, нејзините ќерки ги преиспитуваат своите животи и односот со мајка им и се принудени одново да размислат за светот и за сè она што мислеле дека го знаат.

„Том Лејк“ е медитација за младешката љубов, брачната љубов и животите што родителите ги имале пред раѓањето на децата. И надежно и елегично, истражува што значи да се биде среќен, дури и кога светот се распаѓа. Како и во сите нејзини романи, Ен Пачет комбинира привлечна наративна уметност со продорен увид во семејната динамика. Резултатот е богата и оптимистична приказна, раскажана со длабока интелигенција и емоционална суптилност, со што Пачет уште еднаш покажува зошто е еден од најпочитуваните книжевни таленти кои работат денес.

Ова е приказна за различни видови љубов: страсна љубов, сигурна љубов и за љубовта на мајката и нејзините ќерки.

Книгата има своја аудиоверзија на англиски јазик, која ја чита оскаровката Мерил Стрип.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ традиционално ја организира продажната акција „Време е за училиште...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
27.
Jul.
Ново
Новата книга „Уметноста на трошењето пари“ од авторот на светските бестселери: „Психологија на парите“ и „Исто како и секогаш&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.94 MB