Ново

„Белче“ – нова нежна сликовница од Милена Лунеска

03.09.2026.
„Белче“ – нова нежна сликовница од Милена Лунеска
„Белче“ – нова нежна сликовница од Милена Лунеска

Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за топла и нежна приказна за љубопитноста, за храброста и за желбата да се открие светот, дури и кога сè околу нас нè потсетува да бидеме трпеливи.

Во дворот на малиот Тео, под леата со цвеќиња покриена со дебела снежна покривка, живее едно необично семејство – семејство кокичиња. Додека надвор беснеат зимските ветрови, тие гушнати мируваат и сонуваат за топлото сонце и за доаѓањето на пролетта. Сите трпеливо ја чекаат пролетта, освен Белче, најмалото кокиче.

Белче е љубопитно и нетрпеливо. Наместо да чека, сака да дознае што се случува над снежната покривка и да го запознае светот што го опкружува. Неговата приказна ги потсетува најмалите читатели дека љубопитноста е прекрасен начин да учиме, да растеме и да го откриваме животот.

Со својата едноставна и топла приказна, „Белче“ носи порака за храброста да се направи првиот чекор, но и за љубовта и сигурноста што ги наоѓаме во семејството.

Милена Лунеска е родена во Кичево во 1963 година. По професија е економист и многу години раководи со сопствена фирма. Последниве години, сепак, бројките ги заменува со зборови, посветувајќи им се на пишувањето и на семејството.

Пишува проза и поезија, кои се објавувани на повеќе македонски портали, како и во списанија во Црна Гора и во Хрватска. Авторка е на четири романи: „Два часа“, „Исчистени души“, „Ќерката на премиерот“ и „Добро утро, љубов!“, како и на стихозбирката „Љубов облечена во бело“.

Сликовницата „Белче“ е достапна во сите поголеми книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 220 МКД
3,56 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ традиционално ја организира продажната акција „Време е за училиште...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.94 MB