Настани

Промоција на „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ од Пелегрино Артузи

15.11.2023.
Промоција на „Готвењето како наука и  уметноста на убавото јадење“ од Пелегрино Артузи
Промоција на „Готвењето како наука и  уметноста на убавото јадење“ од Пелегрино Артузи

Денес (15 ноември), во „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, со почеток во 19 часот, „Амбасада на Република Италија“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе го презентира македонското издание на првиот и најпознат италијански прирачник за готвење, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“, објавен за првпат во 1891 година од славниот гастроном и патописец Пелегрино Артузи.

На промоцијата ќе се обрати италијанскиот Амбасадор Андреа Силвестри, а за книгата ќе зборуваат Јована Каранакиќ – преведувач на делото и Надица Фирфова – уредник на македонското издание.

„Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ од Пелегрино Артузи е книга која се смета за нераскинлив дел од италијанската култура, а во која се содржани 790 различни рецепти, вклучително и десерти, џемови, ликери, сладоледи итн. Во книгата има и специјален додаток со избор на јадења за оние кои имаат послаб желудник, но и предлог-менија за секој месец во годината.

Освен заради изобилството рецепти, оваа книга е значајна бидејќи на еден оригинален начин го отсликува духот на едно изминато време.

Имено, Артузи на читателите им се обраќа на еден хумористичен и ноншалантен начин, во духот на пријателски советодавец, вметнувајќи духовити анегдоти кај повеќето рецепти и опишувајќи ги сопствените искуства, но и историската важност на одредени јадења.

„Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ останува најчитаната книга за италијанската кујна во врска со која познатиот новинар и писател Џузепе Прецолини, по прогонството во Швајцарија, ќе каже дека за него, она што останува од Италија се: „Данте, Пинокио, шпагетите и книгата на Артузи“.

Иако е поминат повеќе од еден век од првото појавување на оваа книга, таа и денес се преобјавува и се преведува на повеќе светски јазици, а преводот од италијански на македонски јазик е прв во нашето соседство.

Македонското издание на првиот и најпознат италијански прирачник за готвење, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ е достапно во „Литература.мк“, како и онлајн преку следниот линк: https://www.literatura.mk/gotvaci/33185-gotvenjeto-kako-nauka-i-umetnosta-na-ubavoto-jadenje

 

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 790 МКД
12,78 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

17.
Jun.
Настани
Новата поетска збирка на Зоран Анчевски, „Длабок простор“, беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во ...
10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
22.
May.
Настани
На 28 мај (четврток), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Ч...
22.
May.
Настани
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето ...
21.
Feb.
Настани
Книгата С(обувки) која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (20 февруари) во &...
20.
Feb.
Настани
Книгата „Сам во рој“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и влезе во потесниот избор за наг...
06.
Feb.
Настани
Со свечениот настан „Во литературен филм“, настап на триото Trinity Strings и квиз за филмските адаптации на книгите, вчеравечер во „Литера...
21.
Nov.
Настани
Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во &...
13.
Nov.
Настани
На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.02 MB