Настани

„Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“ е книга со неговата бесмртна музика

05.02.2024.
„Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“  е книга со неговата бесмртна музика
„Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“  е книга со неговата бесмртна музика

Во саботата на пладне во скопско Дебар Маало,пред муралот со неговиот лик беше одбележан роденденот на маестро Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика.

На настанот пред бројна публика и пред највисокиот државен врв, оригиналниот состав на поранешните „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“ под диригентство на Запро Запров, ги испеаа своите некогашни детски песни, а под авторство на самиот маестро. Денес доктори, професори, економисти, успешни луѓе во своите професии, а некогаш само деца со песнички на „Златното славејче“, по речиси 50 години, се собраа во еден хор, во убаво расположение и во еден глас ги отпеаја композициите на втемелителот на македонската детска песничка, кои со децении наназад го разубавуваат животот на детето…

Преубавиот настан на кој беше промовирана и книгата „Чичко – Маестро Џамбаз – во светот на децата“ го водеше неговиот син –, познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов, кој со посебна гордост застана пред насобраната публика.

„Татко на македонската детска песна, покрај тоа што има направено милион хитови за возрасните, сепак децата му беа, знаеш, посебно ги сакаше, ги знаеше сите по име, пееше со нив додека диригираше само за да биде сигурен дека нема да згрешат. Навистина направивме нешто посебно, толку беше скромно и едноставно, а толку многу емоција имаше во него, толку многу љубов за мојот татко.“ - истакна Игор Џабмазов.

Пред насобраните се обрати и градоначалникот на Општина Центар кој  истакна дека маестро Џамбазов има големо значење за целата земја, не само за Скопје и за центарци, како еден од најголемите автори и основачите на „Златно славјче“.

Уредничката на книгата, Бранка Бугариска, даде краток осврт на книгата и воедно истакна дека песните издвоени во оваа збирка денес претставуваат своевидни детски евергрини за сите генерации. Верувам дека тие ќе бидат и одлично дидактичко средство за помош на денешните наставници по музичко образование.

„Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на целиот тим кој ја реализираше оваа публикација – авторката Бранка Костиќ- Марковиќ, музикологот Марко Коловски како нотограф, д-р Младен Марковиќ како музички редактор на изданието, Дејан Василевски лектор, Анета Илиевска дизајн, и сите останати вклучени во процесот на продукција и промоција на ова издание. Особена благодарност до Министерството за култура што го препозна и поддржа проектот. Посебна благодарност на организаторите – Општина Центар и гадоначалникот Горан Герасимовски, како и Игор Џамбазов, за нивната покана заеднички да го одбележиме роденденот на нашиот Чичко Џамбаз, благодарност до маестро Запро Запров и сите изведувачи – огромна благодарност што повторно ги оживеаја песните на маестро Џамбаз и нè вратија во најубавите детски денови. Ви благодарам и на сите вас што дојдовте во волкав број, заеднички да го одбележиме роденденот на чичко Џамбаз. Да беше денеска тука со нас сигурна сум дека ќе беше многу среќен и горд на неговите славејчиња, т.е. гавранчиња, ќе имаше многу гушкање, широки насмевки, а и солзите немаше да изостанат... Среќен роденден, чичко Џамбаз!“. - додаде Бугариска.

Бранка Костиќ Марковиќ, ко-авторка на книгата, која воедно е и дел од оригиналниот состав на „Златно славејче“ истакна дека оваа книга ќе биде мала драгоценост во сечија библиотека, децата ќе уживаат додека пеат, наставниците ќе имаат одличен извор на музички примери за својата настава, а сите заедно ќе се гордееме што сме имале таков композитор кој ни оставил вистинско културно наследство.

„Тој човек му даде посебна боја на моето детство и на детството на многу генерации деца. Негувањето на споменот на чичко маестро Џамбаз е негување и на моите спомени. Сега сум сигурна и спокојна дека ово што го направија тој и Марко за време на неговиот живот, а јас и Марко откако маестрото тој не напушти и замина во вечноста, долго време и после нас ќе звучи на цел глас од детските грла. Знам со сигурност дека и натаму ќе се пеат на цел глас „Мојата учителка“, Еј, гулаби, гулаби бели“, „За сите деца“ и педесетина други антологиски песнички од неговиот раскошен композиторски опус. За музичките гении, музиката е нивниот вистински епитаф.“ - додаде Костиќ Марковиќ.

Марко Коловски, драг пријател и соработник во многу слични проекти на маестро Џамбазов, и автор на книгата, ги сподели почетоците на оваа книга:

„Идејата за издавање збирка со избор од огромниот опус детски песни на маестро Александар Џамбазов се роди некаде на средината на 2015 година. Сојузот на композиторите на Македонија беше во фаза на подготовка и издавање на неколку слични збирки – со избор хорски творби и други дела и сосема природно се наметна идејата дека и дел од детските песни на основоположникот на овој вид творештво кај нас, маестро Џамбазов, бездруго треба да биде ставено меѓу две корици. И како признание за него и како белег за еден огромен, би рекол – фасцинантен опус, но и како одговор на една евидентна и трајна потреба овие блескави творечки изблици да бидат поблиску и на овој начин до новите генерации наши деца и да бидат „при рака“ на нивните воспитувачи и учители.“ 

 

Книгата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“ и оналјн преку следниот линк https://www.literatura.mk/filmmuzikaopera-i-teatar/44916-cicko-maestro-dzambaz.

 

 

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

07.
Jun.
Настани
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
31.
May.
Настани
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Ви...
29.
May.
Настани
Во првите две фестивалски недели на „Видик“ се одржаа промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарска изведба, изложба н...
24.
May.
Настани
Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, вчеравечер, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, во рамките на новиот фес...
23.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (22 мај), во „Литература.мк“ во „Скопје...
22.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (21 мај), во „Литература.мк“, на улица &bdquo...
21.
May.
Настани
Во рамките на првото издание на новиот фестивал за литература и општа култура, „Видик“, вчеравечер (20 мај), во „Литература.мк“, &bdq...
20.
May.
Настани
Промоцијата ќе се одржи во рамките на првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Ова издание на „Арс ...
17.
May.
Настани
Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“!
13.
May.
Настани
Волшебниот свет на бајките е побогат за уште едно издание. Денеска, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се промовираше книгата з...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.06 MB