Настани

Сашо Кузмановски: За да можат македонските крими-романи да ги надминат физичките граници на државата, првин треба да ги видиме во внатрешните граници

12.02.2024.
Сашо Кузмановски: За да можат македонските крими-романи да ги надминат физичките граници на државата, првин треба да ги видиме во внатрешните граници
Сашо Кузмановски: За да можат македонските крими-романи да ги надминат физичките граници на државата, првин треба да ги видиме во внатрешните граници

Во исполнетата книжарница на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, на 9 февруари се одржа промоција на вториот роман на Сашо Кузмановски, крими-трилерот „Бахус“. Романот го промовираше уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, која низ разговор со авторот го претстави неговото второ дело, а заедно продискутираа на теми поврзани со жанрот криминалистички трилер, за трендовите во светот и кај нас, за перспективите на македонските писатели на трилери и за пробивот надвор од границите на државата.

„Бахус“ е независен втор дел од предвидената трилогија на авторот, во која централен лик е полицискиот инспектор Јован Ингилизов-Џовани. Станува збор за исклучително интелигентен, аналитичен и реалистичен трилер, поткован со знаења за антиката и за ритуалите што се практикувале во античкиот град Стоби, за окултизмот и псевдонауката, кои вкомпонирани во нашиот контекст, прават еден мајсторски и претставителен криминалистички роман, податлив и за екранизација.

На прашањето каква е неговата писателска постапка, Кузмановски рече: „Секој автор си има свој принцип на работа. Кога почнував да пишувам, мојата идеја беше водена од сознанието дека малкумина од авторите на крими-трилери во Македонија пишуваат на тема што е поврзана со нашево поднебје или барем се случува во нашата околина. Јас тргнав со мислата да направам нешто што би се случувало овде кај нас, а сепак темите да звучат реално и во нашите услови. Така беше со ’Афера во музејот на пари‘, така е и со ’Бахус‘. Многу ме интересираше локалитетот Стоби како една фасцинантна локација со богата историја, а кога почнав да копам по фактите, стигнав до приказни што ми се видоа податливи за во книга. И на сето тоа му додадов една фикциска ’реалност‘, за да изгледа во стилот на новите, модерни крими-трилери што денес главно ги гледаме на екраните во играни филмови или ТВ-серии, иако се надевам дека има многу повеќе луѓе кои сакаат и читателски да ги проследат ваквите приказни. Инаку, во принцип пишувам долго, бидејќи долго истражувам и затоа често му се навраќам на напишаното и го менувам со подобро решение. Откако ќе ја заокружам трилогијата со постојните ликови, сакам да се обидам во поджанрот историски трилер“.

Зборувајќи за „натпреварот“ помеѓу македонските крими-романи и преводните романи од овој жанр што ги има во изобилство во Македонија, и за можноста на домашните автори и нивните дела да излезат од границите на државата, Кузмановски кажа: „За да можат македонските крими-романи да ги надминат физичките граници на државата, првин треба да ги видиме во внатрешните граници. Сметам дека е предност за македонските читатели да читаат романи чиишто дејства се сместени во нашата средина, затоа што секој сака да прочита нешто што е во рамките на она што го опкружува. Приказните што се случуваат некаде далеку, нормално е да звучат поегзотично и да бидат попривлечни. А истовремено, да напишеш приказна што се случува кај нас е многу потешка задача, затоа што приказната е лесно проверлива и на авторот му е потешко да си ’игра‘ со читателот за нешта што тој ги живее: објекти, улици, места, луѓе, ситуации... Тешко е да бидеш реален во ваква ситуација“.

Романот „Бахус“ е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е достапен во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на интернет-продавницата www.literatura.mk, преку следниот линк https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/49856-bahus

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

17.
Jun.
Настани
Новата поетска збирка на Зоран Анчевски, „Длабок простор“, беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во ...
10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
22.
May.
Настани
На 28 мај (четврток), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Ч...
22.
May.
Настани
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето ...
21.
Feb.
Настани
Книгата С(обувки) која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (20 февруари) во &...
20.
Feb.
Настани
Книгата „Сам во рој“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и влезе во потесниот избор за наг...
06.
Feb.
Настани
Со свечениот настан „Во литературен филм“, настап на триото Trinity Strings и квиз за филмските адаптации на книгите, вчеравечер во „Литера...
21.
Nov.
Настани
Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во &...
13.
Nov.
Настани
На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.99 MB