Ново

Арс Ламина ја објави книгата Девет совршени туѓинци по која што е снимена новата серија со Никол Кидман

25.06.2021.
Арс Ламина ја објави книгата Девет совршени туѓинци по која што е снимена новата серија со Никол Кидман

Светскиот бестселер „Девет совршени туѓинци“ од Лијан Моријарти,  по кој што е снимена новата серија со славната актерка Никол Кидман, излезе од печат на македонски јазик. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и веќе е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

Во романот „Девет совршени туѓинци“ авторка Моријарти, позната по „Големи мали лаги“ (по кој беше снимена и истоимената серија на ХБО), одговара на прашањето дали десет дена во здравствено одморалиште навистина можат да ве променат засекогаш? Деветте совршени туѓинци – главни протагонисти во делото, наскоро ќе го откријат тоа... Некои се таму за да ослабат, некои за да си го рестартираат животот, а некои се таму од причини што не можат да си ги признаат ниту самите на себе.  Среде луксузното опкружување на одморалиштето, среде сесиите по сосредоточеност и медитација, за брзо време сфаќаат дека овие десет дена можат да бидат пресвртница во нивните животи. Но, никој од нив не може ни да си замисли колкав предизвик ќе бидат десетте дена што им претстојат.

Веројатно ќе се согласите дека, ако Никол Кидман и Дејвид Е. Кели стојат зад некоја серија, сигурно ќе биде хит, нели? Откако работеа заедно на „Големи мали лаги“ и „Слом“, актерката и сценаристот-продуцент повторно ги здружија своите сили за нова, интересна драма. „Девет совршени туѓинци“, е новата серија на „Хулу“ со осум епизоди, која се базира на истоимениот роман на Моријарти, во кој се следи група на градски луѓе чиј престој во едно зафрлено одморалиште воопшто не е онаков каков што очекуваат. Со ѕвездената екипа што ù се придружи на Кидман, оваа драма стана една од најочекуваните телевизиски серии на крајот на летото. Еве што треба да знаете за неа.

Актерката Никол Кидман и писателката Лијан Моријарти Фото: instagram.com/nicolekidman

Книгата ни дава интересно навестување

Во романот на Мориарти, дејството се случува во Куќата на спокојството, далечен велнес-центар, каде што девет луѓе престојуваат за релаксација, самоистражување и просветлување. Франсис, авторка на љубовни романи, оди на ова патување за да го излекува својот повреден грб и за да закрепне по неуспешна љубовна врска. Таа е заинтригирана од другите посетители, но уште повеќе ја привлекува сопственичката и директорката на одморалиштето од необјасниви причини.

„Дали оваа личност навистина може да ги има одговорите што Франсис дури и не знае дека ги бара?“ се вели во синопсисот. „Дали Франсис треба да ги остави настрана своите сомнежи и да се препушти на сè што може да понуди Куќата на спокојството – или треба да побегне оттаму додека сè уште може? Наскоро сите гости во Куќата на спокојството ќе си го поставуваат токму истото прашање.“

https://www.youtube.com/embed/r3kH_jHSaJo

Трејлерот изгледа напнато

На 11 јуни, „Хулу“ го објави првиот трејлер за серијата со наслов „Вашето патување почнува наскоро“. Во него фановите можат да ја видат Кидман во улогата на Маша, мистериозната сопственичка и раководителка на одморалиштето во средиштето на серијата.

„Добре дојдовте во Куќата на спокојството. Ние ќе ве излекуваме. Вие дојдовте овде за да закрепнете. Ова ќе биде прекрасно патување“, вели таа во трејлерот. „Понекогаш ќе биде непријатно. Нема од што да се плашите. Сега сте мои... И сакате да бидете мои.“

Премиерата е на 18 август

„Девет совршени туѓинци“ ќе ја има својата премиера во среда, 18 август, на „Хулу“, со нови епизоди еднаш неделно.

Никол Кидман, Фото: shutterstock.com

Има многу познати имиња во актерската екипа

Со ваков список, Кидман е во добро друштво. Еве кого можете да очекувате во серијата.

- Никол Кидман ја игра улогата на Маша, мистериозната директорка на одморалиштето „во мисија да ги живне уморните умови и тела (на гостите)“ во текот на нивниот десетдневен престој, според „Хулу“.

- Мелиса Мекарти („Деверици“, „Мајк и Моли“) ја игра Франсис. Таа е и извршен продуцент.

- Мени Џасинто („Доброто место“) го игра Јао, странец со „ведар млад хипстер“, кој е длабоко посветен на техниките за лекување на Маша, според „Дедлајн“.

- Тифани Бун („Мали пожари насекаде“) ја игра Дилајла, вработена во одморалиштето.

- Мајкл Шенон („Обликот на водата“, „Човек од челик“) го игра Наполеон.

- Ашер Кеди („Потомство“) ја игра Хедер, жената на Наполеон.

- Лук Еванс („Убавицата и ѕверот“, „Психијатар“) го игра Ларс.

- Боби Канавале („Враќање дома“, „Ирецот“) го толкува Тони.

- Реџина Хол („Црн понеделник“, „Девојки на патување“) ја игра Кармел.

- Самара Вивинг („Холивуд“) ја глуми Џесика.

- Мелвин Грег („Снежни врнежи“) го игра Бен.

- Грејс ван Патен („Скитници“) ја игра Зои.

Кели го напиша сценариото за серијата заедно со Џон Хенри Батерворт („Форд против Ферари“) и Саманта Штраус („Академија за танц“). Тој и Батерворт се и главните извршни продуценти на серијата. Џонатан Левин („Топли тела“, „50/50“) ги режираше сите епизоди.

Лијан Моријарти и Никол Кидман

Лијан Моријарти е австралиска писателка и авторка на седум романи – меѓународни бестселери, вклучително и на бестселерите на „Њујорк тајмс“: „Тајната на сопругот“, „Големи мали лаги“ и „Вистински лудо виновни“. Нејзините книги ги читаат над четиринаесет милиони читатели низ светот, вклучително и еден милион читатели во Австралија.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Dec.
Ново
Новиот психолошки трилер „Лажгото“ од Луиз Џенсен, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
11.
Dec.
Ново
„Синиот час“ од Пола Хокинс е психолошки трилер што ве води на изолираниот остров Ерис - место со само една куќа, еден жител и само еде...
10.
Dec.
Вести
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во &bdquo...
09.
Dec.
Ново
Новиот интернационален бестселер на Тејлор Џенкинс Рејд - „Атмосфера“ излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либр...
03.
Dec.
Ново
Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоцијата на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска....
27.
Nov.
Најнови изданија
Излезе од печат новата книга на писателот Александар Русјаков – „Егосурфер“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
18.
Nov.
Вести
Издавачката куќа „Арс Ламина“ и оваа година ги поддржа Детските Рацинови средби во Велес.
17.
Nov.
Ново
Познатата холивудска ѕвезда Хеди Ламар, која истовремено била и позната иноваторка, е инспирација за новата книга „Единствената жена во просторијата&ld...
14.
Nov.
Вести
Доајенот на македонското спортско новинарство и автор, Зоран Михајлов, е добитник на престижната награда „13 Ноември“ за првата биографија посвет...
06.
Nov.
Вести
Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име,...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.15 MB