Ново

Авторот на Што ако...?, Мет Мури, одржа литературна работилница во ООУ Кристијан Тодоровски-Карпош

14.11.2021.
Авторот на Што ако...?, Мет Мури, одржа литературна работилница во ООУ Кристијан Тодоровски-Карпош

Еден од авторите на книгата „Што ако...?“, Мет Мури, за време на својот престој во Скопје, деновиве одржа час со учениците од шесто одделение при ООУ „Кристијан Тодоровски-Карпош“. Литературната работилница, која се одржа во т.н. „отворената училница“, односно училишниот двор, беше под менторство на Марија Богоеска, уредничка на едукативни изданија во „Арс Ламина“.

На интерактивниот час учениците се запознаа со книгата „Што ако...?“, која на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за книга со прашања и активности за љубопитни умови. Само дел од поинтересните прашања во „Што ако…?“ се: „Што ако нема интернет“, „Што ако не стапневме на месечината“, „Што ако можете да чуете и видите што мислат другите“, „Што ако можевме да патуваме низ времето?“, „Или да одиме во вселената?“, „Што ако јадевме бубачки?“, „Или ако броколи имаат ист вкус како чоколадо?“, „Што ако можете да го промените светот кога ќе пораснете?...“

Мет Мури е американски автор и едукатор, кој во моментов живее во Калифорнија и кој одлично го говори македонскиот јазик. Тој долго време живеел во нашата земја како доброволец во Мировниот корпус и учествувал како предавач во многу македонски градови, меѓу кои и Кратово, каде што предавал во осново училиште. Работилницата во ООУ „Кристијан Тодоровски-Карпош“ се одвиваше на македонски и на англиски јазик. Децата се радуваа што имаа можност да се сретнат со автор кој не е од Македонија, а зборува македонски јазик. Интересно им беше што можеа да зборуваат и на англиски јазик и така да поставуваат прашања.

Учениците беа воодушевени од тоа што пред себе гледаат млад автор, кој не е од Македонија, а го зборува нашиот јазик. Освен основните прашања: како станал писател и колку време им било потребно да ја напише книгата, му поставуваа и прашања во стилот на прашањата од книгата „Што ако...?“

Мури ги поттикна учениците да поставуваа прашања што би можеле да се најдат во книгата. Освен основните прашања: што ако сонцето не изгрее или што ако сите зборуваме на ист јазик, учениците беа исклучиво креативни поставувајќи прашања за вселената и постоењето.

Најинтересен момент им беше разговорот за армадило, па пребаруваа на „Гугл“ какво е тоа животно и прашуваа дали е отпорно на оружје и удари... Паралелно додека ги поставуваа и другите прашања, проверуваа на интернет факти што не им беа познати.

Дружбата со харизматичниот Мури заврши со договор да се сретнат повторно при следната посета на Мури на Скопје.

За спомен од оваа литературна работилница, издавачката куќа „Арс Ламина“ во ООУ „Кристијан Тодоровски-Карпош“ донира примероци од „Што ако…?“, лектири и читанки од шесто до деветто одделение, како и тетратки за учениците кои беа дел од работилницата.

Книгата „Што ако...?“ од Мет Мури и Ендру Р. Мекхју не е како ниту една друга книга што досега сте ја прочитале. Оваа книга не ви кажува што да мислите, туку бара од вас да размислувате со своја глава. Нејзината мисија: да поттикнува љубопитност и истражување. Ќе ве натера да поставувате прашања сè додека не се изморите. Ќе поставувате прашања сè додека конечно не ги претворите своите идеи во активност – отворајќи прозорци кон светови за кои не сте ни знаеле дека постојат. Со поставувањето забавни, отворени прашања, „Што ако...?“ ви овозможува да го земете кормилото во свои раце. А историските настани, забавните активности и одговорите на деца исти како вас само го продлабочуваат истражувањето. Верувајте во моќта на „Што ако...?“

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ традиционално ја организира продажната акција „Време е за училиште...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
27.
Jul.
Ново
Новата книга „Уметноста на трошењето пари“ од авторот на светските бестселери: „Психологија на парите“ и „Исто како и секогаш&l...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.94 MB