Ново

Зоран Спасов: Тито, мојот претпоследен херој е книга за исповед на маршалот на млад лекар од Македонија

21.12.2020.
Зоран Спасов: Тито, мојот претпоследен херој е книга за исповед на маршалот на млад лекар од Македонија

Книгата „Тито, мојот претпоследен херој“ на Зоран Спасов – Ѕоф неодамна излезе од печат и може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“. Станува збор за дело во кое се испреплетени и лични сеќавања и искуства на авторот, а средствата од авторските права и дел од средствата од продажбата ќе бидат насочени кон хуманитарни цели односно за СОС Детското село. „Тито, мојот претпоследен херој“ е издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Вашето ново дело „Тито, мојот претпоследен херој“ носи многу интригантен наслов. Како се „роди“ оваа приказна и дали е врзана со ваши лични сеќавања?

Приказната е последица на елиминирањето на Тито од историјата и учебниците – а и од спомениците на плоштад Маршал Тито. Едноставно, не можев да се помирам со искривената перцепција, посебно на помладите од 40 години, врз таа личност и тоа време. Инаку да, книгата е делумно врзана со мои лични сеќавања и искуства. Истата има неколку меѓусебно испреплетени нарации, една мала автобиографска, една прекрасна носталгично-романтична и една, што е најважна за целата книга, ненапишана и нечуена до сега.

Зошто Тито е претпоследниот херој и во тој случај кој е вашиот последен херој?

Хм... Мислам дека не е фер овде да го откријам, но можам да кажам дека секако постои и не за џабе го носи тој епитет. Се работи за една екстремно силна, доблесна, скромна, паметна личност во која секој би го препознал својот водечки модел, нормално доколку го има во својот живот. А ако го нема или го изгубил попатно, тоа значи дека џабе чекори по оваа почва.

Може ли да кажете нешто повеќе за содржината на ова дело и што да очекуваат читателите?

Во една реченица: Тито на својата смртна постела раскажува за сите негови тајни, дилеми, покајанија, љубови... и тоа не на својот биограф Владимир Дедиер, туку на еден млад лекар од Македонија. Се раѓа неверојатна врска што резултира со мали ноќни шокантни и понекогаш контроверзни разговори кои младиот Филип ги запишува и снима... Секоја ноќ нова тема, нешто како „1001 ноќ“. На крајот, 40 години се чува оваа тајна за оваа година да се открие и преточи во неверојатна приказна. Тоа, дефинитивно е исповед од која застанува здивот и се заледува крвта.

Зборот херој веќе го губи своето значење во денешното време. Дали сметате дека во ова време на социјални мрежи воопшто може да постојат херои од калибарот на Тито?

Ако умрат хероите, ќе умре и човештвото. Ние, наместо да ги негуваме и создаваме, ги уништуваме. Само прашање на време е кога, како народ, ќе останеме без ниту еден. Евентуално ќе останат Гоце и Тоше. Тажно. Сите народи создаваат и измислуваат херои, ги трансформираат од криминалци во херои, од ајдуци во јунаци... На сите нам ни требаат. Кога може командант Марк да е херој во Канада, Робин Худ во Англија, Јаношик во Полска, Сандокан во Малезија, зошто не би можеле и ние да си направиме наши?

Како вие го паметите животот во Југославија и под владеењето на Тито?

Со неколку зборови: среќен, безгрижен, скромен, бајковит... Тука ќе парафразирам една изјава на нашиот источен сосед – Титовата Југославија е најромантичниот дел од македонската историја.

Ова не е ваше прво дело. Може да ни кажете нешто повеќе за вашата книжевна кариера?

Јас не сум писател. Ова е мое хоби и бегство од реалноста. „Тибам штркот“, со своите 150.000 симнувња и повеќе, е веројатно една од најчитаните книги кај нас, додека на „Некогаш некаде“ сум посебно горд затоа што претставува единствен доказ за една исчезната македонска Атлантида. Ќе продолжам да пишувам во ист стил затоа што дефинитивно читателите го сакаат. Еве и ексклузивно, овде првпат ќе кажам дека следен предизвик ми претставува пишување на една урнебесна комедија која, се надевам, ќе биде поставена на некои штици низ државава.

Решивте да се откажете од приходите од авторските права и тие средства да се донираат во СОС Детското село. Зошто се одлучивте на ваков чекор?

Веројатно затоа што немам доволно пари да градам манастири во моја чест. Приходот и од моите две први книги беше дониран во добротворни цели и така ќе остане и во иднина.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ традиционално ја организира продажната акција „Време е за училиште...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
27.
Jul.
Ново
Новата книга „Уметноста на трошењето пари“ од авторот на светските бестселери: „Психологија на парите“ и „Исто како и секогаш&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.95 MB