Вести

Сара Пеканен: Со нетрпение ја очекувам средбата со македонските читатели на Саем на книгата 2026

22.04.2026.
Сара Пеканен: Со нетрпение ја очекувам средбата со македонските читатели на  Саем на книгата 2026
Сара Пеканен: Со нетрпение ја очекувам средбата со македонските читатели на  Саем на книгата 2026

Популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, најнаградуваната македонска писателка Оливера Ќорвезироска, регионалната ѕвезда Неле Карајлиќ и бестселер-авторот Зоран Спасов Ѕоф се само дел од значајните авторски имиња кои ќе бидат дел од програмата на „Арс Ламина“ на годинашниот Саем на книгата, што ќе се одржи од 23 до 29 април, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Под слоганот „Од збор до збор“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе го започне одбележувањето на својот 20-годишен јубилеј со богата саемска програма: промоции на книги, потпишувања, работилници и понуда од над 1.200 наслови.

На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваштво во „Арс Ламина“, и Сара Пеканен, која ќе биде ексклузивна гостинка на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“.

– Изминатите две декади зад нас стојат близу 5.000 објавени наслови, околу 7 милиони отпечатени книги, стотици илјади напишани страници, стотици автори и соработници и една силна заедница на читатели, која секојдневно расте заедно со нас. Зад секоја наша книга стојат посветени професионалци, со визија, знаење и чувство за квалитет, кои од ракописот создаваат дело што заслужува да стигне до читателот. Нашата мисија отсекогаш била јасна: да ги поставиме повисоко стандардите на издаваштвото во Македонија и постојано да ги поместуваме границите – во квалитетот на содржината, во уредничкиот пристап, во дизајнот и во начинот на кој книгата стигнува до читателот. За нас, секоја книга е можност да поставиме нов критериум – и како културна вредност и како производ. Токму преку тој континуиран напор, чекор по чекор, од збор до збор, 20 години ја градиме визијата за посилна, поквалитетна и поотворена издавачка сцена – рече Бранка Бугариска.

Сара Пеканен, на средбата со македонските читатели на 25 април (сабота), со почеток во 13 часот, ќе го промовира својот нов психолошки трилер „Куќа од стакло“, кој неодамна излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, која ќе добие и второ издание. По промоцијата ќе следуваат потпишување и дружење со авторката.

– Многу сум среќна и возбудена што сум во Скопје. Имав прекрасен пречек од мојот издавач во Македонија, „Арс Ламина“. Првпат доаѓам во Македонија и во овој регион и навистина е прекрасно. Воодушевена сум од кафето и храната во Македонија, а архитектурата е прекрасна. Се радувам на времето што ќе го поминам тука со тимот на мојот издавач, а особено со читателите. Навистина се посебни читателите во Македонија – добивам неверојатно многу пораки и имам многу следбеници оттука. Со нетрпение очекувам да се сретнам со нив на Саемот на книгата во сабота. Најинтересниот дел ќе биде да одговорам на сите прашања на читателите и да видам какви импресии имаат од моите книги. Инаку, моите книги не се базирани на мојот живот и немаат автобиографски елементи – ако беше така, со оглед на тоа што станува збор за психолошки трилери, тоа би значело дека имам многу мрачен живот... Но, во емоциите и карактерите внесувам дел од моите размислувања и чувства – неопходно е да се запознае ликот однатре за да може веродостојно да се прикаже при пишувањето. Во подготовките за моите книгите се навраќам на моите новинарски корени и истражувам како за новинарска сторија пред да ја креирам самата приказна – истакна Пеканен.

За време на гостувањето во Скопје, таа ќе одржи и мастер-клас, закажан за денеска (22 април) во 17 часот во „Синеплекс“, во „Сити мол“. Утре (среда, 23 април), ќе се обрати на свеченото отворање на Саемот на книгата. На 24 април (петок), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи ВИП-книжевен настан со Пеканен. На 26 април (недела) во 11 часот, таа ќе биде дел од book club настан со клубот на читатели, на кој ќе се разговара за нејзиниот нов роман „Куќа од стакло“.

„Арс Ламина“ на Саемот на книгата ќе понуди попусти до 80 %, повеќе од 50 саемски новитети и богата програма со средби со автори, инспиративни настани и креативни работилници за деца.  Програмата започнува на 23 април со промоцијата на новиот роман на популарниот автор Зоран Спасов Ѕоф – „Гоце Делчев: Љубов и смрт“, што ќе се одржи во 18 часот на штандот на „Арс Ламина“.

Во продолжение следува целосната програма:

ПРОГРАМА – САЕМ 2026 | АРС ЛАМИНА

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
„Гоце Делчев: Љубов и смрт“ – Зоран Спасов Ѕоф
23 април (четврток), 18 часот, штанд на „Арс Ламина“
Промотори: Татјана Димовска-Атанасова, Братислав Димитров
Настап на диџеј Дела

РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА
„(С)обувки“ – Наталија Лукомска (илус.)
24 април (петок), 10 часот, штанд на „Арс Ламина“

ПОТПИШУВАЊЕ
Тони Зен – премиум-сет „Изборот на Тони“
24 април (петок), 18 часот, штанд на „Арс Ламина“

РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА
„Среќен како Наи“ – Ана Салџиева и Томи Џуровски (илус.)
25 април  (сабота), 11 часот, штанд на „Арс Ламина“

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
„Куќа од стакло“ – Сара Пеканен
25 април (сабота), 13 часот, штанд на „Арс Ламина“
Промотор: Татјана Димовска-Атанасова

ПОТПИШУВАЊЕ
Сашо Кузмановски – „Луѓе-сенки“
25 април (сабота), 18 часот, штанд на „Арс Ламина“

ПОТПИШУВАЊЕ
Срѓан Ивановиќ – „Васил Рингов: Фудбал под сенка“
25 април (сабота), 18 часот, штанд на „Арс Ламина“

РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА
Магија и палавости со Исидора Мун и Мирабела
26 април (недела), 11 часот, штанд на „Арс Ламина“

ПАРАДА НА КНИЖЕВНОСТА
Музичко-сценски настан со омилените ликови од книгите
26 април (недела), 12 часот, штанд на „Арс Ламина“

ПОТПИШУВАЊЕ
Оливера Ќорвезироска – „Три Марии“
26 април (недела), 13 часот, штанд на „Арс Ламина“

ПОТПИШУВАЊЕ
Фросина Пармаковска – „Кривата Дијана“
26 април (недела), 14 часот, штанд на „Арс Ламина“

ПОТПИШУВАЊЕ
Александар Русјаков – „Егосурфер“
26 април (недела), 14 часот, штанд на „Арс Ламина“

ПОТПИШУВАЊЕ
Зоран Анчевски – „Длабок простор“
26 април (недела), 14 часот, штанд на „Арс Ламина“

СРЕДБА СО АВТОР
Книжевна вечер со Неле Карајлиќ
26 април (недела), 18 часот, штанд на „Арс Ламина“
Модератор: Дарко Лешоски

СРЕДБА СО АВТОР
„Џинџуџе“ – Ермис Лафазановски
27 април (понеделник), 10 часот, штанд на „Арс Ламина“

СРЕДБА СО АВТОР
„Сам во рој“ – Сашо Кокаланов
27 април (понеделник), 11 часот, штанд на „Арс Ламина“

ПРОМОЦИЈА НА КНИГИ
„Големи зборови за мали уши“
„Емпатија“ – Биљана Стојановска, Орце Нинески (илус.)
„Бонтон“ – Ванчо Полазаревски, Александра Филипоска (илус.)
„Иницијатива“ – Рената Јосифовска
27 април (понеделник), 18 часот, штанд на „Арс Ламина“
Промотор: Оливера Ќорвезироска

РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА
„Сите се броиме“
28 април (вторник), 11 часот, штанд на „Арс Ламина“

СРЕДБА СО АВТОР
Велко Неделковски – 60 години книжевно творештво
28 април (вторник), 12 часот, штанд на „Арс Ламина“
Модератор: Бисера Бендевска

РАБОТИЛНИЦА
Креирање букмаркери со POSCA маркери
Модератор: Кристина Ристовска („Девојчето со книгите“)

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

18.
Apr.
Вести
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, вчеравечер (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во &b...
13.
Mar.
Вести
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на н...
24.
Feb.
Вести
Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, в...
22.
Feb.
Вести
Инспирирана од музиката на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, авторката и музиколог Тина Иванова ја креирала приказната за сликовницата „М...
19.
Feb.
Вести
Авторот Александар Русјаков вчеравечер (18 февруари) ја заокружи промоцијата на својата нова книга „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис&l...
12.
Feb.
Вести
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски ...
09.
Feb.
Вести
Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, на 7 февруари, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд ...
07.
Feb.
Вести
Во весел и креативен амбиент, исполнет со многу емоции, детски џагор, смеа, боење и дружење, вчеравечер (6 февруари) во „Литература.мк“ во &bdquo...
07.
Feb.
Вести
По повод отворањето на 25. Зимски олимписки игри, кои вчеравечер официјално започнаа во Милано и Кортина, споделуваме извадок од книгата „Спортски стор...
10.
Dec.
Вести
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во &bdquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.2 MB