Вести

Зоран Спасов Ѕоф: Да се пишува за Гоце Делчев е предизвик, храброст и одговорност

28.04.2026.
Зоран Спасов Ѕоф:  Да се пишува за Гоце Делчев е предизвик, храброст и одговорност
Зоран Спасов Ѕоф:  Да се пишува за Гоце Делчев е предизвик, храброст и одговорност

По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт“. Оваа историска фикција, во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ексклузивно беше претставена на отворањето на Саемот на книгата (23 април). На преполниот штанд на „Арс Ламина“, авторот истакна дека „да се пишува за Гоце Делчев е предизвик, храброст и одговорност“.

„Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е роман што не бара да му верувате, туку да го издржите! Овој роман не е само приказна. Тој е повик. Повик од минатото, од земја што илјадапати била распната и исто толку пати воскреснувала – во збор, во песна, во идеал и во љубов... Гоце Делчев е најголемиот син, апостол, учител, мит… Сите го знаеме – од химната, од авторот за деца Ванчо Николески, од академик Христо Полјански, од полето за натпревар, од табакерата, од актерите Дарко Дамевски и Ристо Шишков… Но, никој не го запознал вистинскиот Гоце. Можеби само Пејо Јаворов и Димо Хаџи Димов. И љубената Јанка-Јустинијана Каневчева. Судбината направи да се „запознаеме“. Додуша, со „посредник“ – една гулабица што ми ја раскажа целата приказна. Со објавувањето на ова дело сигурен сум дека успеав да го запознаам. Потврда за тоа се моите рецензенти: Братислав Димитров, Сузана Мицева, Татјана Алексиќ, Мишо Китаноски, Гоце Дојчиновски, Катица Ќулавкова и Тоше Чепреганов – кој ми беше совест. Додека бев во средно училиште не ја сакав историјата. Подоцна почнав да ја разбирам и сфатив – ние не сме народ без историја. Ние сме народ што не знае што да прави со неа. Јас не сум историчар. Јас сум човек што се осмели да му се приближи на еден човек што сите го знаеме – а никој не го познаваме. Ова е книга-огледало. Ова е книга што те чита тебе. Те скенира. Гоце е огледало. И ако не ви се допадне тоа што ќе го видите – не кршете го огледалото. Погледнете се уште еднаш во него. Ако ја затворите без немир – не сте ја прочитале“, рече Зоран Спасов Ѕоф на промоцијата.

Пред присутните се обрати и промоторот и еден од рецензентите на книгата, драматургот Братислав Димитров, кој истакна:

„Пред нас стои книга со високи етички и естетски вертикали. Ретко кој успеал да пишува за историски лик и епска тема на ваков начин – ова е роман со филмска структура, каде што документарното се доживува како уметничко, а уметничкото како документ. Внатрешната, интимна драматургија го прави делото исклучително оригинално, а по секоја реченица следува друга – како луциден афоризам. Густината, прецизноста и богатството на стилот ги надминуваат и најславните гоблени. Фасцинира посветеноста и ударничката работа на писателот, особено неговата слобода, фантазија и љубов кон темата. Зоран Спасов Ѕоф е еден од највредните и најталентираните луѓе што сум ги запознал во животот, а не живеам баш кратко. Овој роман мора да влезе во лектира – ги учи Македонците дека, освен делење, постои и математичката операција множење, па така сите ќе ја засакаат сопствената историја. Да не претерувам? Не претерувам. И не е случајно.“

Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е роман за еден човек — и за времето што не знаело како да го задржи. Гоце Делчев, роден во мал град меѓу ридови и граници, расте во свет во кој зборовите се мерат, а слободата се плаќа. Свет во кој народите живеат под туѓи имиња, а соништата се шепотат тивко како молитва. Но некои луѓе не умеат да живеат во молк. Од детството во Кукуш, преку тајните патишта на револуцијата, до годините кога идеалот станува поголем од самиот живот, овој роман го следи патот на човек што избира нешто потешко од славата — избира совест. И избира љубов. Љубов кон земјата што сè уште нема име. Љубов кон народот што сè уште нема држава. Љубов што знае дека, можеби, нема да го доживее утрото — но сепак оди кон него. Ова е приказна за верата дека идеалите не умираат со луѓето што ги носат. Дека некои животи се кратки, но доволно силни да ја променат историјата. И дека понекогаш, меѓу љубовта и смртта, стои само еден човек — и неговата одлука.

Зоран Спасов Ѕоф е познат скопски лик, филантроп и автор на книгите „И јас сум Сирма“, „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“, „Џабе живиш у Скопје“, „Торонто експрес“ и „Тито, мојот претпоследен херој“.

Романот „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е достапен во  книжарниците на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Повеќе информации за романот може да најдете на следниот ЛИНК

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

27.
Apr.
Вести
Во прекрасниот и инспиративен амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во петокот (24 април) беше промовирана книгат...
26.
Apr.
Вести
Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, во с...
22.
Apr.
Вести
На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваш...
18.
Apr.
Вести
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, вчеравечер (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во &b...
13.
Mar.
Вести
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на н...
24.
Feb.
Вести
Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, в...
22.
Feb.
Вести
Инспирирана од музиката на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, авторката и музиколог Тина Иванова ја креирала приказната за сликовницата „М...
19.
Feb.
Вести
Авторот Александар Русјаков вчеравечер (18 февруари) ја заокружи промоцијата на својата нова книга „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис&l...
12.
Feb.
Вести
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски ...
09.
Feb.
Вести
Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, на 7 февруари, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.12 MB