Вести

„Големи зборови за мали уши“: Сликовниците „Бонтон“, „Емпатија“ и „Иницијатива“ ги учат децата на важни животни вредности

01.05.2026.
„Големи зборови за мали уши“: Сликовниците „Бонтон“, „Емпатија“ и „Иницијатива“ ги учат децата на важни животни вредности
„Големи зборови за мали уши“: Сликовниците „Бонтон“, „Емпатија“ и „Иницијатива“ ги учат децата на важни животни вредности

Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа промовирани трите најнови сликовници од наградуваната едиција „Големи зборови за мали уши“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за книгите „Бонтон“ од Ванчо Полазаревски (илустрации: Александра Филипоска), „Емпатија“ од Биљана Стојановска (илустрации: Орце Нинески) и „Иницијатива“, авторско дело на младата Рената Јосифовска.

Промоцијата се одржа во присуство на бројни деца и нивните родители, а за книгите зборуваше уредничката на едицијата, Оливера Ќорвезироска, која истакна дека „Големи зборови за мали уши“ претставува уникатен издавачки проект што на едноставен и креативен начин им ги доближува сложените поими на најмладите читатели.

Едицијата неодамна го освои второто место за најдобра едиција меѓу два саема – признание што го доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), што дополнително ја потврдува нејзината вредност и значење во современото издаваштво за деца.
Покрај најновите три изданија, едицијата опфаќа вкупно десет сликовници, меѓу кои се: „Градоначалник“ од Илина Мангова (илустр. Александар Сотировски), „Идентитет“ од Калина Малеска (илустр. Рената Јосифовска), „Непотизам“ од Иван Дричко (илустр. Здравко Гиров), „Предрасуди“ од Владимир Мартиновски (илустр. Јована Ристоска), „Традиција“ од Елизабета Баковска (илустр. Александра Филипоска), „Дипломатија“ од Горица Атанасова-Ѓоревска (илустр. Здравко Гиров) и „Екологија“ од Фросина Пармаковска (илустр. Александар Сотировски).

Целта на едицијата е преку кратки, топли и разбирливи приказни од секојдневието да им помогне на децата полесно да ги разберат „големите“, на прв поглед сложени зборови што често ги слушаат од возрасните. Со тоа, книгите не само што го збогатуваат нивниот речник, туку и ги подготвуваат за светот што ги очекува. Проектот започна во 2024 година со објавувањето на „Градоначалник“ од Илина Мангова, а денес прераснува во препознатлива и наградувана едиција.

Авторот Ванчо Полазаревски истакна дека со задоволство ја прифатил поканата да биде дел од проектот:
„Немам проблем да напишам текст по нарачка, особено кога станува збор за едукативно издание. Само зборот беше предложен, а приказната е моја. Првичниот поим го заменив со ‘бонтон’, затоа што во него пронајдов поголема инспирација. Приказната следи едно семејство кое не е баш пример за културно однесување – но некој ќе ги доведе во ред.“
Илустраторката Александра Филипоска нагласи дека илустрацијата игра клучна улога во разбирањето на приказната:
„Да се илустрира значи да се дообјасни текстот, да стане поразбирлив и попривлечен. Во процесот имав и мала помош од мојата ќеркичка, која даваше идеи за изгледот на ликовите.“

Авторката на „Емпатија“, Биљана Стојановска, сподели дека пишувањето за деца е посебен предизвик:
„Оваа приказна ја напишав во еден здив. Главниот лик е инспириран од мојот син Виктор, а токму тоа ја прави книгата особено драга за мене. Уште поубаво е што го поттикна и него да почне сам да создава приказни.“
Илустраторот на „Емпатија“, Орце Нинески, додаде дека работата на оваа книга била инспиративна:
„Добив прекрасен текст кој ми овозможи да ги пренесам емоциите на најдобар можен начин. За мене, токму емоцијата е клучна во илустрацијата.“

Авторката Рената Јосифовска за својата книга „Иницијатива“ вели:
„Идејата за приказната се роди за време на промоцијата на претходните книги од оваа едиција. Кога ги слушнав зборовите што допрва требаше да бидат преточени во сликовници, зборот ‘иницијатива’ некако ми остана во глава. Седнав и брзо ја напишав приказната. Преку работата на оваа сликовница увидов дека е многу полесно да се илустрира сопствен текст. Иако очекувањата од себе се големи, сепак си оставам простор за имагинацијата да ги доцрта и дообликува сцените и ликовите онака како што сум ги замислила.“

Книгите од едицијата „Големи зборови за мали уши“ се достапни во книжарниците на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 220 МКД
3,56 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 220 МКД
3,56 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 220 МКД
3,56 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
27.
Apr.
Вести
Во прекрасниот и инспиративен амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во петокот (24 април) беше промовирана книгат...
26.
Apr.
Вести
Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, во с...
22.
Apr.
Вести
На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваш...
18.
Apr.
Вести
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, вчеравечер (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во &b...
13.
Mar.
Вести
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на н...
24.
Feb.
Вести
Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, в...
22.
Feb.
Вести
Инспирирана од музиката на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, авторката и музиколог Тина Иванова ја креирала приказната за сликовницата „М...
19.
Feb.
Вести
Авторот Александар Русјаков вчеравечер (18 февруари) ја заокружи промоцијата на својата нова книга „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис&l...
12.
Feb.
Вести
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.26 MB