Вести

Сара Пеканен го освои Скопје: редици читатели на Саем на книгата

26.04.2026.
Сара Пеканен го освои Скопје: редици читатели на Саем на книгата
Сара Пеканен го освои Скопје: редици читатели на Саем на книгата

Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, во саботата (25 април) се сретна со македонските читатели на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ на Саемот на книгата. Во исполнетата атмосфера во арената „Борис Трајковски“, каде љубителите на добриот трилер создадоа долги редици, Пеканен ја промовираше и потпишуваше својата книга „Куќа од стакло“, привлекувајќи големо внимание и интерес.

Со искрена љубопитност и посветеност, таа помина повеќе од два и пол часа во разговор со своите фанови – одговарајќи на прашања за нејзината кариера, инспирацијата зад делата и процесот на пишување, но и внимателно слушајќи ги нивните лични впечатоци. Секој посетител доби момент на внимание и непосредна комуникација, што ја направи средбата не само книжевен настан, туку и топло и незаборавно доживување за сите присутни.

Настанот го водеше Татјана Димовска-Атанасова, уредничка на „Куќа од стакло“. Овој роман, заедно со претходните бестселери на Пеканен – „Анонимна девојка“, „Не си сама“ и „Златната двојка“ (кои ги потпишува како коавторка со Грир Хендрикс) – на македонски јазик се објавени од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Овие наслови, вклучително и најновиот роман, веќе доживеаја и втори изданија, што јасно сведочи за големата популарност на Пеканен меѓу македонските љубители на психолошки трилери.

Пеканен уште од почетокот на разговорот не го криеше воодушевувањето од топлиот прием во Македонија – од Скопје, неговата архитектура, храната и, секако, кафето.

„Многу сум среќна што сум тука со вас. Главна причина за моето доаѓање е тимот на мојот издавач во Македонија, ‘Арс Ламина’, кој ме пречека исклучително срдечно. Оваа соработка прерасна во прекрасно пријателство – заедно се смееме, се шегуваме. Сите што ги запознав за време на престојот се топли и гостопримливи. Знам дека тоа е вашата репутација – и е сосема оправдана. Вие сте прекрасни луѓе“, рече таа.

Главни протагонисти во нејзините книги се жените, а таа умешно ги плете приказните околу нив, како што е случајот и во романот „Куќа од стакло“.

„Многу сакам да пишувам за ‘обични жени’ кои се наоѓаат во необични ситуации. Главните ликови во моите дела се силни жени, пред сè поради околностите и тешките ситуации во кои се нашле. Верувам дека жените се неверојатно силни. Би ја цитирала Елеонор Рузвелт, која има кажано дека жените се како кесичка чај – за да видите колку се силни, ставете ги во жешка вода и ќе видите како стануваат сè посилни. Сакам да пишувам за ликови со таква комплексност и да истражувам како таа доаѓа до израз низ приказната“, вели Пеканен.

Таа додава дека имиџот игра важна улога кај дел од нејзините ликови – нешто што лесно може да се препознае и во современиот живот, особено преку социјалните мрежи. „Денес ретко кој објавува лоши фотографии или моменти од својот живот. Сите имаат малку ‘режирано’ присуство, а некои дури градат совршена слика за себе, во која и самите почнуваат да веруваат. Тоа станува дел од нивниот идентитет и вредности“, објаснува таа.

Во „Куќа од стакло“, еден од централните ликови е девојче кое престанува да зборува по трауматичен настан – убиството на нејзината дадилка.

„Истражував многу за трауматско занемување – состојба која се јавува по силен шок. Тоа што девојчето во книгата онемува има и симболично значење – децата не секогаш имаат свој глас, ниту можност да кажат што сакаат, што е најдобро за нив и со кого сакаат да живеат. Малата Роуз, која се наоѓа среде бракоразводна битка меѓу нејзините родители, го губи токму тој глас – правото да одлучува за себе. Сепак, имам едно правило кога пишувам: децата и животните во моите книги никогаш не се повредени. Не би можела да пишувам поинаку“, изјави Пеканен.

Главниот лик во книгата, Стела, е адвокатка која ги застапува правата на децата во сложени судски процеси, како што се разводите. Нејзината задача е да го пронајде најдоброто решение за своите клиенти. Иако на почетокот не сака да го прифати случајот – кој има многу сличности со ситуации од нејзиното детство – сепак, поставувајќи си прашања и истражувајќи, таа решава да се посвети на случајот на Роуз. Притоа, се соочува и со сопствените демони од минатото.

„Сакам да изградам лик за кој читателот ќе се приврзе и за кого ќе навива додека чита. Можеби затоа што сум оптимист, пишувам приказни какви што и самата би сакала да ги прочитам – приказни во кои добрите луѓе заслужуваат убави нешта“, вели таа.

И покрај исполнетата агенда со бројни активности, таа откри дека успеала да најде време и за пишување на својот нов роман токму за време на престојот во Скопје.

„Пишував во секое слободно време – во кафулиња, низ градот. Скопје има навистина силен креативен вајб. Кога сум тука, пишувањето тече многу полесно. Ако ме забележите како работам на компјутер, слободно пријдете и поздравете ме“, низ насмевка додаде таа.

Пеканен откри дека во моментов работи на својот следен роман, насловен „Ноќна дадилка“, кој се очекува да биде објавен за околу година и пол.

„Приказната е инспирирана од вистински факт – постои престижно училиште за дадилки во Лондон, Англија. Дипломците од ова училиште потоа се избираат да работат во кралски семејства и кај славни личности, како Гвинет Палтроу, но и кај милијардери. Мојата приказна се врти околу една девојка која, по дипломирањето, заминува да работи во едно многу необично семејство… Ќе откријам само толку“, изјави Пеканен на крајот од промоцијата.

За време на гостувањето во Скопје, таа одржа и мастер-клас во „Синеплекс“ во „Сити мол“, се обрати на свеченото отворање на Саемот на книгата, беше дел од ВИП-книжевен настан во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, како и гостинка на book club настан со клубот на читатели во „Ист гејт мол“, каде се разговараше за нејзиниот нов роман „Куќа од стакло“.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 500 МКД
8,09 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

22.
Apr.
Вести
На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваш...
18.
Apr.
Вести
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, вчеравечер (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во &b...
13.
Mar.
Вести
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на н...
24.
Feb.
Вести
Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, в...
22.
Feb.
Вести
Инспирирана од музиката на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, авторката и музиколог Тина Иванова ја креирала приказната за сликовницата „М...
19.
Feb.
Вести
Авторот Александар Русјаков вчеравечер (18 февруари) ја заокружи промоцијата на својата нова книга „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис&l...
12.
Feb.
Вести
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски ...
09.
Feb.
Вести
Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, на 7 февруари, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд ...
07.
Feb.
Вести
Во весел и креативен амбиент, исполнет со многу емоции, детски џагор, смеа, боење и дружење, вчеравечер (6 февруари) во „Литература.мк“ во &bdquo...
07.
Feb.
Вести
По повод отворањето на 25. Зимски олимписки игри, кои вчеравечер официјално започнаа во Милано и Кортина, споделуваме извадок од книгата „Спортски стор...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.32 MB