Ново

„Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и Опра Винфри

29.03.2025.
„Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и Опра Винфри
„Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и Опра Винфри

Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Винфри излезе од печат во издание на „Арс Либрис“ дел од „Арс Ламина – публикации“.

Во книгата „Изградете живот каков што сакате“, Артур Ч. Брукс и Опра Винфри ве покануваат на патување кон поголема среќа, без разлика колку се предизвикувачки вашите околности. Потпирајќи се на најсовремената наука и долгогодишното искуство на авторите на оваа книга, ќе можете да го подобрите вашиот живот веднаш, наместо да чекате да се промени надворешниот свет.

Со мудрост, сочувство и надеж, Брукс и Винфри откриваат како можат алатките за емоционално самоуправување да ви го променат животот веднаш. Тие препорачуваат практични, истражувачки базирани практики за градење на четирите столба: семејство, пријателство, работа и вера. Притоа, споделуваат скапоцени животни лекции од нивниот сопствен живот и кариера, како и сведоштва од обични луѓе чиј живот е среќен, и покрај пречките и тешкотиите.

Опремени со алатки за емоционално самоуправување и подготвени да ги изградите своите четири столба, можете да ја преземете контролата врз вашата сегашност и иднина, наместо да се надевате и да чекате подобрување на околностите. „Изградете живот каков што сакате“ е вашиот план за подобар живот.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.48 MB