Ново

„Арс Ламина“ го распишува литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година

02.04.2025.
„Арс Ламина“ го распишува литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година
„Арс Ламина“ го распишува литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година

На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае од 2 април до 2 мај 2025 година, право на учество имаат сите деца од градинките и учениците од основните училишта од целата држава.

Децата од градинките, на возраст од 4 до 6 години, можат да учествуваат со цртежи инспирирани од светот на приказните, додека учениците од основните училишта можат да ги праќаат своите цртежи, поетски или прозни творба инспирирани од светот на книгите, читањето и литературата.

Победниците ќе бидат соопштени и наградени на посебен настан. Наградниот фонд се состои од дипломи и книги обезбедени од „Арс Ламина“.

Tворбитe на тема „Читањето е супермоќ“ ги очекуваме на следната е-адреса: libi@arslamina.com.

При конкурирањето, треба да бидат наведени следните податоци: име, презиме, ментор, возраст и градинка (за децата од градинки), одделение и училиште (за децата од основните училишта), како и поштенската адреса и телефонскиот контакт (од родител).

Главната мисија на кампањата „Читањето е супермоќ“, која издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува веќе седма година по ред, е поттикнување на читачките навики кај децата.

Целите на кампањата се: подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст и во таа смисла вклучување на колку што е можно поголем број релевантни чинители од сите сфери на нашето живеење, негување на мајчиниот јазик, поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, понуда на квалитетно поминато време настрана од новите технологии, образовна поддршка преку збогатување на наставната програма и активностите на училишните библиотеки.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

27.
Jul.
Ново
Новата книга „Уметноста на трошењето пари“ од авторот на светските бестселери: „Психологија на парите“ и „Исто како и секогаш&l...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
18.
Jul.
Ново
Ви издвојуваме пет возбудливи наслови во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, кои ќе ве натераат да ја св...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
10.
Jul.
Ново
Ако сте во потрага по нова книга што ќе ви го разубави летниот одмор, ви препорачуваме пет нови романси во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
10.
Jun.
Акции
Во пресрет на Светското првенство во фудбал 2026, кое повторно ќе го обедини светот околу најпопуларниот спорт на денешницата, Литература.мк започнува специј...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.96 MB