Ново

„Зорки и Цветка“ – нова сликовница за балансот помеѓу модерната технологија и реалниот живот

04.06.2025.
„Зорки и Цветка“ – нова сликовница за балансот помеѓу модерната технологија и реалниот живот
„Зорки и Цветка“ – нова сликовница за балансот помеѓу модерната технологија и реалниот живот

По наградуваната книга за деца „Си беше еднаш“, писателката и уредничка Оливера Ќорвезироска и илустраторката Наталија Лукомска соработуваат на уште едно исклучително издание за деца – новата сликовница „Зорки и Цветка“. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е актуелна приказна за пријателството и влијанието на модерната технологија во секојдневието на децата.

„Зорки и Цветка“ е сликовница на мошне актуелна тема: модерната технологија во секојдневието на децата. Се работи за пријателство помеѓу две сосем различни деца. Зорки е постојано внатре, тој живее во виртуелниот свет на мобилниот телефон, таблетот, компјутерот и телевизорот. Цветка, пак, е постојано надвор, таа живее во реалниот свет на сонцето, дрвјата, смеата и игрите, каде што со помош на една досетка (дрвена рамка) успева да создаде прекрасно детство без никакви ограничувања. Балансот помеѓу модерната технологија и стварниот, реален живот е претставен и на визуелно ниво, и преку обмислените илустрации на Лукомска: црно-белиот свет на модерната технологија се меша со колоритот на стварноста и на крајот сè се претопува во функционално единство, и за децата и за животот воопшто. „Зорки и Цветка“ е можно книжевно „решение“ за корекција на светот на децата таков каков што, за жал, е. 

Оливера Ќорвезироска (1965) е родена во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи како уредник. Автор е на следните книги: „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија); „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца); „Дедо Миле“ (сликовница); „Отвораат ли сништата работа“, „Еден Текст и една жена“ и „На полпат“ (критика и есеистика); „Заклученото тело на Лу“, „Аб’т“ и „Три Марии“ (романи за возрасни); „Страдањата на младиот лектор“, „(С)плетени раскази“, „Две перници“, „(Со)шиени раскази“, „Новелички без шеќер“, „Улиците што ги нема“ и „Престапни години“ (раскази за возрасни). Застапена е во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, чешки, српски, бугарски, словенечки, полски, руски, германски и грчки јазик. Повеќекратен добитник е на значајни награди за расказ во Македонија, а за „Сплетени раскази“ во 2003 година ја има добиено наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар.

Наталија Лукомска е полска илустраторка и графичка дизајнерка, која живее и работи во Скопје. Има дипломирано на Шлезискиот универзитет во Катовице, полонистика и славистика, каде што го има изучувано македонски јазик. Во Македонија има дојдено како професор по полски јазик на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Денеска, се занимава со илустрирање и графичка обработка на книги и дизајн на постери, црта детски книги, дизајнира корици, соработува со издавачи и културни институции во Полска и во Македонија. Досега има илустрирано 20-ина книги за деца. За нејзините илустрации има добиено повеќе награди. Предава полски јазик и преведува книги.

Покрај „Зорки и Цветка“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, со нејзини илустрации досега се објавени и книгите „Си беше еднаш“ (приредувач Оливера Ќорвезироска), „Ши, ѕифри, копчи“ од авторот Владимир Лукаш и „Ремек-дело“ на Дејан Алексиќ.

Сликовницата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.49 MB