Ново

Сликовниците „Предрасуди“ и „Традиција“ ја збогатуваат едицијата „Големи зборови за мали уши“

07.08.2025.
Сликовниците „Предрасуди“ и „Традиција“  ја збогатуваат едицијата „Големи зборови за мали уши“
Сликовниците „Предрасуди“ и „Традиција“  ја збогатуваат едицијата „Големи зборови за мали уши“

Новите сликовници „Предрасуди“ и „Традиција“ се вистинско летно освежување на лингвистичко-едукативната едиција „Големи зборови за мали уши“ со која им објаснуваме непознати зборови на децата преку мали приказни од секојдневието, подготвувајќи ги за светот што ги чека. Во едицијата во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина“ досега се објавени книгите „Градоначалник“ (од Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски, „Идентитет“ (од Калина Малеска, со илустрации на Рената Јосифовска) и „Непотизам“ (од Иван Дричко, и илустрации на Здравко Гиров).

Текстот во сликовницата „Предрасуди“ е на нашиот истакнат автор Владимир Мартиновски, кој низ една умешна форма на современа басна ги подучува децата што значи ГОЛЕМИОТ, за нив непознат збор ПРЕДРАСУДИ, како да се препознае и да се спречи таквата негативна појава и практика во реалниот живот. Главни ликови се белите, црните и една сива мачка, како и девојчето Бистра – врската меѓу светот на животните и светот на луѓето како хармонична целина. Илустрациите се на младата Јована Ристоска, на којашто ПРЕДРАСУДИ ù е прва објавена сликовница. Овој интересен спој на искусен писател и млад, талентиран илустратор донесе мошне занимлив и свеж краен резултат. Како што е вообичаено во оваа едиција, и сликовницата ПРЕДРАСУДИ завршува со мало речниче (глосар), каде што на едноставен, разбирлив начин се објаснува заглавниот збор и други ГОЛЕМИ зборови (сексизам, расизам, ејџизам) употребени во приказната. Во работниот дел, децата-читатели можат да одберат или да нацртаат своја шарена мачка, без никакви предрасуди!

Сликовницата „Традиција“ е авторско дело на две искусни авторки. Текстот е на Елизабета Баковска, илустрациите се на Александра Филипоска. И двете досега се имаат реализирано (и) во литературата за деца, а нивната соработка овој пат носи симпатична, лирска сликовница за оживување на обичаите од минатото, кои несомнено ја збогатуваат сегашноста со вистински, трајни вредности. Раскажувајќи за јуфки, еклери, индијанки и боза, Баковска ги поврзува генерациите. Сегашните родители ги поврзува со своите деца на еден длабок и суштински начин, преку спомени и навики од нивните дамнешни детства. Пораката е топла и разбирлива: она што го правеле некогашните деца – сегашни родители, ќе го прават и сегашните деца – родители во иднината. Традицијата е траење и препознатливост. И оваа сликовница има мал глосар на крајот, но и работен дел во кој читателите можат да ги нацртаат подзаборавените слатки, но можат и да ги поттикнат возрасните да им ги направат, за да ги вкусат поднебјето и спомените... За да ја вкусат традицијата.   

Книгите од едицијата „Големи зборови за мали уши“ се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 220 МКД
3,56 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 220 МКД
3,56 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.59 MB