Ново

Излезе од печат „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски

14.08.2025.
Излезе од печат „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски
Излезе од печат „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски

Новата книга „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски излезе од печат во издание на „Арс Ламина“.

Светот стои на раскрсница - и НАТО исто така. Во книгата „Пробив кон глобалната алијанса“, Еленовски праќа силно предупредување: без смела трансформација, најуспешната безбедносна Алијанса во модерната историја ризикува да стане реликвија од минатото.

Црпејќи од своето повеќедецениско искуство во дипломатијата, безбедноста и меѓународните односи, авторот ги истражува успесите на НАТО, внатрешните контрадикции и занемарените предизвици - непознатите познати - кои се закануваат на неговата релевантност. Со новите закани, кои произлегуваат од рапидниот развој на технолошкиот свет и растечките геополитички ривалства, во прашање е доведен опстанокот на демократскиот поредок. Па оттаму, во книгата, со итност и јасност се разработуваат натамошните активности кои НАТО треба да ги преземе како глобална сила за да може да придонесе на човештвото низ бурните непознати на 21 век.

„Западот е на историска пресвртница. Пред него е тешка задача за која не е јасно дали е доволно свесен - изградбата на нова безбедносна архитектура, во свет кој се трансформира со невидена брзина. Брзината на промените бара вложување во иднината уште денес, бидејќи таа доаѓа побрзо од кога било. Затоа глобалното НАТО е нешто што треба да дојде што поскоро. Мудроста е да дојде кога најмногу ќе може да се валоризира, а не кога ќе биде доцна. За тоа глобално лидерство да се реализира, главните предизвици, повторно парадоксално, не се стратешката конкуренција или технолошките промени, туку трката со самиот себе и со историјата “, вели авторот во книгата.

Во годината на два битни лични јубилеи, 75 години од формирањето на НАТО и 30 години од атлантскиот пат на Еленовски, оваа книга претставува негов придонес кон непознатата иднина на атлантската идеја и организација.

Лазар Еленовски има посветено многу години на одбраната, дипломатијата, политиката и граѓанскиот ангажман, играјќи значајна улога во унапредувањето на реформите во безбедносниот и одбранбениот сектор на Македонија, како и во поттикнувањето на регионалната соработка и интеграција. Тој поседува значително искуство во меѓународни односи и безбедност, особено во контекст на евроатлантската интеграција и други стратешки прашања поврзани со НАТО, европската безбедност, новите безбедносни предизвици и пошироките геополитички динамики.

Тој е еден од пионерите на атлантизмот во Македонија од средината на 1990-тите години и беше лидер на националното атлантско движење во текот на 2000-тите. Исто така, тој беше потпретседател на меѓународната атлантска асоцијација од 2011 до 2014 година. Еленовски беше министер за одбрана од 2006 до 2008 година, а амбасадор на Македонија во Белгија и Луксембург од 2012 до 2016 година. Во периодот, од 2018 до 2020 година, тој беше специјален претставник на Владата на Северна Македонија при НАТО.


Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.5 MB