Ново

„Среќен како Наи“ од Ана Салџиева – нова инклузивна приказна исполнета со радост, љубопитност и љубов

30.09.2025.
„Среќен како Наи“ од Ана Салџиева – нова  инклузивна приказна исполнета со радост, љубопитност и љубов
„Среќен како Наи“ од Ана Салџиева – нова  инклузивна приказна исполнета со радост, љубопитност и љубов

Новата сликовница „Среќен како Наи“, од авторката Ана Салџиева со илустрации на Томи Џуровски, деновиве излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за инклузивна сликовница, која нè води низ светот на едно дете родено со физичка разлика – limb difference – и ни покажува дека неговото секојдневие е полно со радост, игра и љубопитност, исто како кај секое друго дете.

Преку топли и инспиративни сцени, книгата ја слави детската сила, уникатност и способноста да се живее со полно срце, без ограничувања.

- Приказната за Наи е длабоко лична и произлезе од моето мајчинство. Таа е инспирирана од мојот син Јан, кој е роден со конгенитална хипоплазија на рака. Заедно со неговата сестра близначка Мила секоја вечер се препуштаме на магијата на книгите – читаме, сонуваме и патуваме низ светови што ги создаваат приказните. Но, еден момент ме погоди: не постоеше сликовница во која Јан можеше да се препознае, да се види себеси. Тоа ме поттикна да ја создадам оваа инклузивна приказна – за да му покажам дека неговата различност е вредност, а не пречка. Сакам преку Наи да ги охрабрам и другите деца и родители да ја прифатат различноста како нешто природно, убаво и нормално. Секојдневието на Наи е секојдневието на секое дете на негова возраст. Верувам дека секое дете заслужува да се види во светот што го чита. Во моментов приоритет ми е „Среќен како Наи“ да стигне до што е можно повеќе дечиња и домови. Да ја рашириме заедно важноста на инклузивноста, на прифаќањето. Да ја пренесеме пораката дека љубовта и убавиот збор се многу посилни и похрабри од негативниот акт – вели авторката Салџиева, која по професија е графички дизајнер, а моментално работи како маркетинг- директор.

Иако децата на авторката не биле свесни дека се подготвува книгата, нивната присутност и енергија биле дел од процесот од самиот почеток. Како мал, но значаен детаљ, низ страниците се провлекуваат нивни цртежи создадени низ годините, кои ја прават оваа книга уште попосебна и лична.

 

Сликовницата „Среќен како Наи“ е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Nov.
Акции
Со попусти до 90 % на повеќе од 20.000 производи, синџирот книжарници „Литература.мк“ од 3 до 30 ноември ќе ја реализира големата продажна акција...
29.
Oct.
Најнови изданија
„Арс Ламина“ ја објави „Букварка“, новата вежбанка наменета за учениците од прво одделение во деветгодишното основно образование.
28.
Oct.
Ново
Животната и музичка приказна на Славе Димитров, еден од клучните творци на златната ера на македонската забавна музика, е во фокусот на новата книга „Ч...
08.
Oct.
Најнови изданија
По „Атлас на светот“, „Животни“ и „Моето тело“, популарниот серијал илустрирани книги за деца „Моите патувања&ldquo...
28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.08 MB