Ново

Конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2016

16.10.2025.
Конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2016
Конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2016

Во тек е вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2026 година на издавачката куќа „Арс Ламина“.

Конкурсот беше отворен на 11 септември 2025, веднаш по соопштувањето на првиот добитник, и ќе трае до 11 јануари 2026. Вториот победник ќе биде соопштен на 11 март 2026, на денот на раѓањето на големата македонска писателка.

Право на учество на конкурсот имаат сите полнолетни лица кои ќе пратат необјавен ракопис – роман за деца и млади, напишан на македонски јазик и со кирилско писмо. За наградата  можат да конкурираат необјавени романи (ракописи) за деца и млади, во должина од 2 до 5 авторски табаци (од 32 до 80 страници), што ќе ги достават самите автори (со полно име и презиме) по електронска пошта на е-адресата konkurs@arslamina.com, како Word или PDF-документ со назнака: За конкурсот „Оливера Николова“.

Наградата е откупна и се состои од паричен износ од 60.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција на издавачката куќа „Арс Ламина“.

Наградата „Оливера Николова“ е востановена оваа година на 11 март, на првиот роденден без физичко присуство на Оливера Николова, која почина на 3 ноември 2024 г.  

На првиот конкурс победи ракописот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски, избран од 38 пристигнати ракописи.

Со оваа награда, „Арс Ламина“ ја продолжува мисијата на Оливера Николова – да се поттикнува и негува романот за деца и млади како дефицитарен жанр во современата македонска книжевност.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Nov.
Акции
Со попусти до 90 % на повеќе од 20.000 производи, синџирот книжарници „Литература.мк“ од 3 до 30 ноември ќе ја реализира големата продажна акција...
29.
Oct.
Најнови изданија
„Арс Ламина“ ја објави „Букварка“, новата вежбанка наменета за учениците од прво одделение во деветгодишното основно образование.
28.
Oct.
Ново
Животната и музичка приказна на Славе Димитров, еден од клучните творци на златната ера на македонската забавна музика, е во фокусот на новата книга „Ч...
08.
Oct.
Најнови изданија
По „Атлас на светот“, „Животни“ и „Моето тело“, популарниот серијал илустрирани книги за деца „Моите патувања&ldquo...
28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.98 MB