Ново

Доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска

03.12.2025.
Доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска
Доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска

Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоцијата на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска ќе се одржат на 9 декември (вторник) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Кон наградата и победничкиот роман ќе се осврнат Иван Додовски (професор, писател, книжевен и театарски критичар) и Бисера Бендевска (уредничка во „Арс Ламина“), кои беа дел од жири-комисијата.

На седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 45 ракописи. За победникот одлучуваше тричленото стручно жири во кое, покрај Додовски и Бендевска членуваше и професорката Соња Стојменска-Елзесер. 

Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „Пацер“ од Коста Бојчески, „Изгубени низ дупки во џебовите“ од Ники Борас и „Солдат 1882“ од Добре Тодоровски.

Романот „Кривата Дијана“ oд писателката Фросина Пармаковска е проза на актуелниот момент, на вчерашноста и на сегашноста, со антиципација на иднината заглавена во тркалото на колективната несреќа во општества какво што е македонското.

„Романот ’Кривата Дијана‘ со поднаслов ’Роман за верижната вина‘ е роман на актуелниот момент, кој трае повеќе од три децении во мерливо време, а многу подолго кога се мери со кантарот на погрешните постапки на секој член на заедницата. Ова е четиво за колективната несреќа што ја перпетуира верижната вина на секој од нас кој премолчел, потклекнал и превидел кога требал да се испречи пред туѓите човекови слабости.

Како понорница што ги пробива тромбовите во темната земја, така нараторот нè носи низ мрачните предели на својата душа, додека лунѕајќи во ноќта се обидува да ù се скрие на тагата. И кога нерасчистеното минато по многу години ќе упадне во сегашноста, пред нас се отвора еден свет што не е сосем личен, туку е заеднички, како што е заедничка несреќата на ликовите на Достоевски, кој е неслучајно ехо во овој роман.

Романот „Кривата Дијана“ е достапен во поголемите книжарници и онлајн на www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 330 МКД
5,34 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.48 MB