Ново

„Атмосфера“ - новиот интернационален бестселер на Тејлор Џенкинс Рејд

09.12.2025.
„Атмосфера“ - новиот интернационален бестселер на Тејлор Џенкинс Рејд
„Атмосфера“ - новиот интернационален бестселер на Тејлор Џенкинс Рејд

Новиот интернационален бестселер на Тејлор Џенкинс Рејд - „Атмосфера“, излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации!

Веднаш по објавувањето во јуни, романот стана бестселер број 1 на „Њујорк тајмс“, книга на годината според „Таргет“ и е еден од најдобрите романи за 2025 година.

Џоан Гудвин отсекогаш гледала кон ѕвездите. Професорка по физика и астрономија, задоволна со мирниот живот и улогата на тетка на својата љубопитна внука, таа верува дека го пронашла своето место во светот – сè додека еден оглас не ја поттикнува да го следи најголемиот сон: да биде меѓу првите жени научници во програмата на НАСА за вселенски летала.

Избрана меѓу илјадници кандидати, Џоан влегува во свет каде што се сретнуваат храброста, амбицијата и пријателството. Во Центарот „Џонсон“ во Хјустон, таа тренира рамо до рамо со најдобрите: харизматични пилоти, упорни научници и мистериозни инженери, секој со своја тајна и своја цел. Во ова ново друштво, Џоан ја открива возбудата на вселената, но и страста и љубовта што никогаш не ги очекувала. Кога доаѓа декември 1984 година и мисијата STS-LR9, еден момент ќе промени сè.

Возбудлив, емотивен и инспиративен, „Атмосфера“ ја носи магијата на вселената и ја истражува трансформативната сила на љубовта. Приказна за ѕвездите, за храброста и за срцето.

„Атмосфера“ ни доаѓа по успехот на хит-романите „Седумте мажи на Евелин Хуго“, „Дејзи Џонс енд Д сикс“, „Малибу во пламен“ и „Кери Сото се врати“ од Џенкинс Рејд.

За сите љубители на литературата кои сакаат да се изгубат во магијата на ѕвездите и длабоките човечки емоции, „Атмосфера“ е книга која не смее да се пропушти.

Книгата е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 343 МКД
5,55 EUR
Заштеда 30%
490 МКД

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Nov.
Акции
Со попусти до 90 % на повеќе од 20.000 производи, синџирот книжарници „Литература.мк“ од 3 до 30 ноември ќе ја реализира големата продажна акција...
29.
Oct.
Најнови изданија
„Арс Ламина“ ја објави „Букварка“, новата вежбанка наменета за учениците од прво одделение во деветгодишното основно образование.
28.
Oct.
Ново
Животната и музичка приказна на Славе Димитров, еден од клучните творци на златната ера на македонската забавна музика, е во фокусот на новата книга „Ч...
08.
Oct.
Најнови изданија
По „Атлас на светот“, „Животни“ и „Моето тело“, популарниот серијал илустрирани книги за деца „Моите патувања&ldquo...
28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.04 MB