Ново

„Синиот час“ - Трилер што ги буди сите тишини на островот Ерис

11.12.2025.
„Синиот час“ - Трилер што ги буди сите тишини на островот Ерис
„Синиот час“ - Трилер што ги буди сите тишини на островот Ерис

„Синиот час“ од Пола Хокинс е психолошки трилер што ве води на изолираниот остров Ерис - место со само една куќа, еден жител и само еден можен начин за бегство. Островот е дванаесет часа дневно целосно отсечен од копното на Шкотска, а неговата тишина крие тајни што со години не излегле на површина.

Некогаш одамна дом на Ванеса: прочуена уметница, чијшто славно неверен сопруг исчезнал пред дваесет години - без трага. Ерис сега е засолниште на Грејс - осамена жена што живее според ритамот на приливот и што го чува минатото на островот. Кога во лондонската галерија ќе биде откриено нешто шокантно, на Ерис ќе пристигне непоканет гостин. Тајните на островот ќе почнат да испливуваат... „Синиот час“ е мајсторски напишан психолошки трилер, кој е истовремено и вознемирувачки и неодоливо напнат.

Пола Хокинс уште еднаш ја потврдува својата позиција меѓу највпечатливите и најсуптилни раскажувачи во современата литература.

„Синиот час“ е инстант-бестселер на „Њујорк тајмс“, интернационален бестселер, преведен на над 30 јазици, и претставува мајсторски напишан трилер што ја открива темната страна на изолацијата, човечката природа и тајните што ги носи секој дом.

Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ и може да се најде во книжарниците на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Nov.
Акции
Со попусти до 90 % на повеќе од 20.000 производи, синџирот книжарници „Литература.мк“ од 3 до 30 ноември ќе ја реализира големата продажна акција...
29.
Oct.
Најнови изданија
„Арс Ламина“ ја објави „Букварка“, новата вежбанка наменета за учениците од прво одделение во деветгодишното основно образование.
28.
Oct.
Ново
Животната и музичка приказна на Славе Димитров, еден од клучните творци на златната ера на македонската забавна музика, е во фокусот на новата книга „Ч...
08.
Oct.
Најнови изданија
По „Атлас на светот“, „Животни“ и „Моето тело“, популарниот серијал илустрирани книги за деца „Моите патувања&ldquo...
28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.02 MB