Ново

„Повик за будење“ од Бет О’Лири – нова романса за малите чуда за време на божикните празници

29.12.2025.
„Повик за будење“ од Бет О’Лири – нова романса за малите чуда за време на божикните празници
„Повик за будење“ од Бет О’Лири – нова романса за малите чуда за време на божикните празници

Нова книга, совршена за овој празничен период - „Повик за будење“ од Бет О’Лири, авторката на светскиот бестселер „Заеднички стан“, двете во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Сместена во шармантниот, но дотраен хотел „Форест Манор“, оваа топла и духовита романтична приказна нè запознава со Изи и Лукас – двајца хотелски рецепционери и заколнати ривали, на кои дури им е забрането да работат во иста смена. Но, кога хотелот се наоѓа на работ на опстанок, а празничната сезона е во полн ек, тие се принудени да ги остават несогласувањата настрана и да издржат до крај. Хотелот нема да опстане по Божик без да се случи некакво чудо. Но, кога Изи му враќа изгубена бурма на еден гостин, наградата што ја добива ја убедува управата дека токму тоа може да биде решението за сите нивни проблеми. Со уште четири прстени во одделот за изгубени работи, почнува трката меѓу Изи и Лукас за спасување на нивниот сакан хотел – и нивните работни места. Додека нивното жестоко ривалство се претвора во нешто многу покомпликувано, Изи и Лукас почнуваат да се прашуваат дали во оваа борба е во прашање само иднината на хотелот или има нешто повеќе од тоа. Дали ќе успеат да ја преживеат сезоната без да го изгубат сопственото срце?

„Повик за будење“ е романса за втората шанса, изгубени и повторно пронајдени љубови, и за малите чуда што се случуваат кога најмалку ги очекуваме – со препознатливиот стил, хумор и емоционална длабочина на Бет О’Лири.

Книгата е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Nov.
Акции
Со попусти до 90 % на повеќе од 20.000 производи, синџирот книжарници „Литература.мк“ од 3 до 30 ноември ќе ја реализира големата продажна акција...
29.
Oct.
Најнови изданија
„Арс Ламина“ ја објави „Букварка“, новата вежбанка наменета за учениците од прво одделение во деветгодишното основно образование.
28.
Oct.
Ново
Животната и музичка приказна на Славе Димитров, еден од клучните творци на златната ера на македонската забавна музика, е во фокусот на новата книга „Ч...
08.
Oct.
Најнови изданија
По „Атлас на светот“, „Животни“ и „Моето тело“, популарниот серијал илустрирани книги за деца „Моите патувања&ldquo...
28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.4 MB