Ново

„Арс Ламина“ ја објавува првата македонска нема сликовница – „(С)обувки“

16.02.2026.
„Арс Ламина“ ја објавува првата македонска нема сликовница – „(С)обувки“
„Арс Ламина“ ја објавува првата македонска нема сликовница – „(С)обувки“

Издавачката куќа „Арс Ламина“, преку својот импринт за детска литература „Либи“, ја објавува првата нема сликовница во Македонија – „(С)обувки“. Станува збор за сликовница без зборови што ја раскажува својата приказна исклучиво преку илустрации, оставајќи му целосна слобода на читателот сам да ја досоздаде.

По идеја на Оливера Ќорвезироска и со илустрации на Наталија Лукомска, оваа визуелна приказна нè води низ магична редица од обични луѓе и ликови од бајки и познати книжевни дела, кои боси чекорат кон најдобриот чевлар на светот. Таму секој ги пронаоѓа своите совршени обувки, освен девојчето од соседството, за кое остануваат чевли со високи потпетици. Но, на девојчето тие многу му се допаѓаат – ги обува и среќно излегува од приказната.

Книгата ќе биде промовирана на 20 февруари (петок), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на „Денови на литературата“. Покрај авторката Ќорвезироска и илустраторката Лукомска, на настанот ќе учествуваат писателите: Владимир Мартиновски, Елизабета Баковска, Ермис Лафазановски и Никола Маџиров, кои ќе ја „прочитаат“ книгата на свој начин, со цел да им се помогне на децата и родителите во восприемањето на приказната. Но, поентата останува иста – приказната да ја раскажуваат децата, со поддршка од возрасните, а не писателите.

„(С)обувки“ е експеримент создаден со радост и љубопитност – обид да се направи првиот чекор кон најмладиот илустративен жанр во светот. Како и секоја нема сликовница, и оваа мечтае да биде „прочитана“, иако во неа нема ниту еден единствен збор.

Сликовниците без текст се еден од најмладите жанрови на илустрирани книги. Тие се свежи, поттикнувачки и повеќекратно обединувачки: ги надминуваат јазичните бариери (бидејќи не користат јазик и не им треба превод), ги обединуваат децата и возрасните преку заедничко „читање“ и разгледување и овозможуваат културно поврзување преку универзалниот визуелен јазик. Овие дела суптилно ги претвораат децата слушатели во деца раскажувачи: се развива говорот, се збогатува речникот, се поттикнува чувството за структура на приказната (вовед, заплет, решение и заклучок), а воедно се развива визуелната писменост и разбирањето на невербалната комуникација. Деталите стануваат клучни – преку нивното препознавање и поврзување, децата градат паралелни, самостојни приказни. Овие сликовници не нудат конечни одговори, туку отвораат простор за многу можни читања.

„(С)обувки“ наскоро ќе биде достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.97 MB