Ново

„Арс Ламина“ објави ново издание на лектирата „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески

21.08.2026.
„Арс Ламина“ објави ново издание на лектирата „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески
„Арс Ламина“ објави ново издание на лектирата „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески

Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, создадена за полесно, за поинтересно, за посовремено читање и за совладување на задолжителните литературни дела.

Книгата е збогатена со  речник со помалку познати зборови, кој им помага на учениците полесно да го следат текстот и да го збогатат својот речник, како и со активности за работа на час, наменети за проверка на разбирањето и за обработка на прочитаното.

Во романот, Ванчо Николески топло и со раскажувачка вештина го оживува ликот на Гоце Делчев – учител, револуционер и визионер. Следејќи го неговиот животен пат, романот ги открива силата на идеалите, пожртвуваноста и борбата за слобода, пренесувајќи ги историските настани и вредности на начин близок и разбирлив за младите читатели.

Преку динамично раскажување и преку впечатливи ликови, „Гоце Делчев“ им овозможува на учениците да се запознаат со еден од најзначајните ликови од македонската историја и да ја почувствуваат атмосферата на времето во кое живеел и во кое дејствувал.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници, како и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.95 MB