Ново

„Куќа од стакло“ - нов возбудлив психолошки трилер од Сара Пеканен

04.03.2026.
„Куќа од стакло“ - нов возбудлив психолошки трилер од Сара Пеканен
„Куќа од стакло“ - нов возбудлив психолошки трилер од Сара Пеканен

Од коавторката на бестселерите „Анонимна девојка“, „Не си сама“ и „Златната двојка“, Сара Пеканен, ни пристигнува нов возбудлив психолошки трилер - „Куќа од стакло“.

Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“, беше номинирана за наградата Goodreads Choice Award и беше прогласена за една од најдобрите книги на годината на „Амазон“. Таа беше и главен избор на Book of the Month, како и прворангирана книга според LibraryReads.

„Куќа од стакло“ раскажува приказна за адвокатка која застапува деца во сложени разводи и случаи за старателство. Нејзиниот нов клиент е деветгодишната Роуз Баркли, која можеби била сведок на убиството на својата дадилка и која, во екот на жестоката бракоразводна битка меѓу своите родители престанува да зборува. Задачата на адвокатката Стела Хадсон, која има најдобри намери, е да открие кој во семејството е жртва, а кој - убиец. Но како да се открие вистината кога сите лажат?

Штом Стела ќе помине низ железната безбедносна порта и ќе зачекори во луксузната, но автентично зачувана куќа во стар стил на семејството Баркли во Вашингтон, сфаќа дека случајот е уште поизвртен отколку што претпоставувала, а самото семејство - многу поразлично од очекуваното. Куќата е морничава - сè што во неа било направено од стакло е заменето со пластика. Додека Стела се доближува до вистините што Барклиеви очајно се обидуваат да ги сокријат, опасноста се обвиткува околу неа како покров, а нејзиното минато и сегашноста се судираат на неочекуван начин.

Секој е осомничен за убиството на дадилката: мајката, таткото, бабата, момчето на дадилката, па дури и Роуз. Дали личноста што Стела треба да ја заштити е токму таа од која треба да се заштити?

Сара Пеканен, американската авторка на бестселери број еден на „Њујорк тајмс“, ја започнала својата кариера како новинарка. Досега има објавено 15 книги - самостојни и коавторски изданија, вклучувајќи ги трилерите напишани со нејзината пријателка и уредничка Грир Хендрикс.

Книгата е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

14.
Nov.
Вести
Три книги објавени од издавачката куќа „Арс Ламина“ се добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година, што ја доделува Град Скопј...
02.
Nov.
Акции
Со попусти до 90 % на повеќе од 20.000 производи, синџирот книжарници „Литература.мк“ од 3 до 30 ноември ќе ја реализира големата продажна акција...
29.
Oct.
Најнови изданија
„Арс Ламина“ ја објави „Букварка“, новата вежбанка наменета за учениците од прво одделение во деветгодишното основно образование.
28.
Oct.
Ново
Животната и музичка приказна на Славе Димитров, еден од клучните творци на златната ера на македонската забавна музика, е во фокусот на новата книга „Ч...
08.
Oct.
Најнови изданија
По „Атлас на светот“, „Животни“ и „Моето тело“, популарниот серијал илустрирани книги за деца „Моите патувања&ldquo...
28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.48 MB